НАСТАВА ВО ВРЕМЕ НА ПАНДЕМИЈА: СЗО порача што треба да направат училиштата
Објавено во: Свет, Корона Вирус 16 Септември, 2020
Да не се затвораат училиштата поради пандемијата на коронавирусот.
Вакав советува Светската здравствена организација. Според нив, треба да се избегне затворање на училиштата поради пандемијата.
Ова не треба да важи само на места со голема стапка на заразени лица.
Тедрос Аданом Гебрејесус од СЗО изјави дека учењето на далечина треба да биде достапно онаму каде што е можно.
Процентот на смртни случаи од вирусот евидентиран кај лица на возраст помлади од 20 години е помал од 0,2 проценти.
Дополнително треба да се истражи што доведува до тешка форма на болеста кај децата.
Во Македонија училиштата не започнаа со работа, но голем дел од нив бараат физичко присуство. Вакви барања имаше од многу образовани установи од истокот.
Во првите две седмици од настава во Србија, има 52 ученици и 20 вработени заразени со коронавирусот.
Во светски рамки заразени се 29.7 милиони луѓе од Ковид -19.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.