НАТО БАРА ПРИТИСОК ЗА СЕВЕРНА КОРЕЈА: Каков став имаат државите?
Објавено во: Свет 06 Септември, 2017
НАТО денеска ги повика сите држави во светот да го зголемат притисокот врз Северна Кореја по нуклеарните проби.
Амбасадорите на НАТО во Брисел рекоа дека сега е важно доследно да се спроведуваат санкциите кои ОН ги одреди за Северна Кореја.
Тие бараат со притисок да се отстрани можноста за закана и дестабилизација која може да ја направи Северна Кореја.
НАТО се солидаризира со соседите Јапонија и Јужна Кореја.
Но, тие не спомнаа употреба на сила, а американскиот претседател Доналд Трамп претходно кажа дека не е време за разговор со Северна Кореја.
На 3 септември Северна Кореја ја изврши шестата нуклеарна проба.