26 Ноември, 2024
0.0272

Научниците открија кои маски се најбезбедни

Објавено во: Свет, Корона Вирус 10 Август, 2020

Добивај вести на Viber

Тим истражувачи од Катедрата за физика при Универзитетот Дјук во САД, направија експеримент за да ја тестираат ефективноста на различни типови маски.

Еден од авторите на студијата излезе со идеја кога му помагаше на локалното здружение да купи маски на големо за локалната заедница. Професорот сакаше да биде сигурен дека здружението ќе купи маски кои се навистина ефикасни, пишува Си-Ен-Ен.

Истражувачите користеле релативно едноставен метод за да ја тестираат ефективноста на различните маски, користејќи ласерски зрак и мобилен телефон, да го анализираат преносот или ширењето на респираторните капки кои излегуваат од устата на човек што разговара, а не носи маска и додека носи различни видови маски.

Истражувачите тестирале 14 широко достапни маски, вклучувајќи професионална маска со филтер N-95 за микроскопски фини честички, најчесто користени од здравствени работници. Секоја маска беше тестирана 10 пати, при што истата личност зборуваше без маска како контролно сценарио.

Маските N-95 беа, како што се очекуваше, најефикасни, со еден важен детаљ – маската N-95 без вентил беше многу поефикасна во задржувањето на респираторните капки на носителот отколку маската N-95 со вентил, бидејќи овој вентил создава силен проток на воздух кон надвор.

Истражувачите истакнуваат дека вентилот не ја намалува заштитата на носителот, но може да ја намали заштитата на оние околу него, со што маската N-95 без вентил генерално е поефикасна.

По нив следеле трислојни хируршки маски, но дури и двослојните памучни маски, сошиени според упатствата на Американскиот центар за контрола и превенција на болести, немале многу полош резултат. Интересно е што, маските со вентил N-95 работеа полошо – односно помалку ги штитат другите – отколку памучните маски.

Маските кои честопати се врзуваат околу вратот (анг. gaiter mask), честопати користени од џогери и велосипедисти, беа најмалку ефикасни, а плетените маски и марамите, исто така беа на дното во однос на бројот на честички што ги сопираат.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ОПАСНА ИЗМАМА ВО ГЕРМАНИЈА, СЕ КРАДАТ ПОДАТОЦИ ОД БАНКАРСКИ КАРТИЧКИ: Измамниците имаат нов оригинален начин

ОПАСНА ИЗМАМА ВО ГЕРМАНИЈА, СЕ КРАДАТ ПОДАТОЦИ ОД БАНКАРСКИ КАРТИЧКИ: Измамниците имаат нов оригинален начин

ТУРИСТИ ИСЧЕЗНАА ВО ВОДИТЕ КАЈ ЕГИПЕТ: Бродот испратил сигнал за помош, па исчезнал од радарот (ФОТО)

ТУРИСТИ ИСЧЕЗНАА ВО ВОДИТЕ КАЈ ЕГИПЕТ: Бродот испратил сигнал за помош, па исчезнал од радарот (ФОТО)

„СТАТУСОТ НА ЕКИПАЖОТ СЕ УШТЕ СЕ РАЗЈАСНУВА“: се огласи ДХЛ по авионската несреќа, надлежните не исклучуваат „тeрористички напад“

„СТАТУСОТ НА ЕКИПАЖОТ СЕ УШТЕ СЕ РАЗЈАСНУВА“: се огласи ДХЛ по авионската несреќа, надлежните не исклучуваат „тeрористички напад“

ОВА Е НАЈОМРАЗЕНИОТ ЧОВЕК НА ВОЛСТРИТ: Трамп го номинираше за министер за трговија

ОВА Е НАЈОМРАЗЕНИОТ ЧОВЕК НА ВОЛСТРИТ: Трамп го номинираше за министер за трговија

ДЕТАЛИ ЗА СТРАШНАТА АВИОНСКА НЕСРЕЌА ВО ЛИТВАНИЈА: Пилотот загина, неколкумина се повредени - удрил во станбена зграда

ДЕТАЛИ ЗА СТРАШНАТА АВИОНСКА НЕСРЕЌА ВО ЛИТВАНИЈА: Пилотот загина, неколкумина се повредени - удрил во станбена зграда

КУФЕРОТ НА „СУДНИОТ ДЕН“ МОЖЕ ДА ПОЧНЕ КАТАСТРОФА: Путин не се двои од него, а едно копче води до удар: „Европа е на неколку минути од Армагедон“

КУФЕРОТ НА „СУДНИОТ ДЕН“ МОЖЕ ДА ПОЧНЕ КАТАСТРОФА: Путин не се двои од него, а едно копче води до удар: „Европа е на неколку минути од Армагедон“

Кој е РФК - Потомок на династијата Кенеди со мисија за здрава Америка

Кој е РФК - Потомок на династијата Кенеди со мисија за здрава Америка

(ВИДЕО) ИМА РАЗЛИКИ: Американка ги споредува домовите во Исланд со тие во САД

(ВИДЕО) ИМА РАЗЛИКИ: Американка ги споредува домовите во Исланд со тие во САД

ЗЕЛЕНСКИ Е ОТВОРЕН ЗА ПРЕДЛОЗИ И ОД ТРАМП: Кажа кога се очекува да заврши војната

ЗЕЛЕНСКИ Е ОТВОРЕН ЗА ПРЕДЛОЗИ И ОД ТРАМП: Кажа кога се очекува да заврши војната