Наумов: Одлуката за максимално задолжување над законскиот лимит
Објавено во: Финансии 28 Ноември, 2016 13:39
Дополнителниот заменик министер за финансии Кире Наумов упати ургенција до Министерот за финансии со барање за свикување на итна седница на Владата на РМ со цел усогласување на Одлуката на Владата на РМ со која е утврден максималниот износ на ново задолжување преку државни хартии од вредностза 2016 година, со Буџетот на РМ. Согласно Законот за јавен долг член 18 став 4 државните хартии од вредност ги издава Министерството за финансии врз основа на Одлука на Влада со која се утврдува максималниот износ на ново задолжување.
Со актуелната Одлука на Владата бр.42-13244/1 од 29.12.2015 максималниот износ на ново задолжување преку издавање на ДХВ во 2016 година изнесува 10.455.000.000 (десет милијарди четиристотини и педесет и пет милиони) денари и е во рамките на износот од 18.860.000.000 денари утврден во првично изгласаниот Буџет на РМ за 2016 година.
Меѓутоа со вториот ребаланс на буџетот усвоен од страна на Собранието на РМ износот од 18.860.000.000 денари е променет на 8.405.000.000 денари. Како последица на усвоениот ребаланс Одлуката на Владата е над законски утврдениот лимит. Владата на РМ била должна да ја усогласи Одлуката за максимално задолжувањево рамките на лимитот предвиден со ребалансот на буџетот.Дотолку повеќе што во Уставот на РМ во член 51јасно е наведено дека сите прописи мора да бидат во согласност со Уставот и Законот.
Впрочем така е постапувано и во претходни години.
Исто така Дополнителниот заменик министер за финансии Кире Наумов во писменото барање до Министерот за финансии Кирил Миноски посочи дека реализираниот износ на домашно финансирање по основ на државни хартии од вредност го има надминато износот предвиден со Буџетот на РМ за 2016 година. Заклучно со 18.11.2016 година домашното финансирање по основ на ДХВ изнесува 9.435.000.000 денари и е над износот утврден со буџетот од 8.405.000.000 денари.
Стабилноста на домашниот финансиски пазар години наназад е резултат на работата на повеќе влади, различни министри за финансии и гувернери на НБРМ. Само законско постапување може да ја гарантира неговата стабилност и неговиот иден развој. Клиентите на домашниот финансиски пазар не смее да бидат доведени во ситуација да учествуваат во аукции на ДХВ кои не се распишани и спроведени во согласност со законската регулатива, а со тоа да бидат ставени во ризик и нивните пласмани.
Поради законските надлежности во реализирањето на аукциите на домашниот финансиски пазар и на Народната Банка на РМ, Дополнителниот заменик министер за финансии за истото го извести и Гувернерот на НБРМ.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката





