09 Октомври, 2024
0.0281

НАВАЛНИ ОД АРКТИКОТ КАЖА КАКО ГИ РАСОНУВААТ ВО 5 НАУТРО: Ова е втората најважна песна во Русија

Објавено во: Свет 23 Јануари, 2024

Добивај вести на Viber

Најпознатиот руски опозициски политичар Алексеј Навални тврди дека - откако бил отруен, нападнат и затворен без соодветна медицинска нега - се соочува со нов предизвик: тој е принуден да слуша поп-пејач што го поддржува Путин секое утро во 5 часот.

Навални (47), поранешен адвокат кој влезе во политиката пред повеќе од една деценија критикувајќи ја елитата на Путин и широко распространетата корупција, е во затвор на околу 60 километри северно од Арктичкиот круг.

Осуден е на затвор до 74-годишна возраст, а вели дека секое утро по будењето мора да ја слуша руската химна, а потоа „Ја Рускиј“ (Јас сум Русин), патриотска песна во изведба на пропутинскиот  пејачот Шаман, која затвоската служба ја пушта на разглас.

Шаман, чие вистинско име е Јарослав Дронов, „се искачи на бранот“ на патриотизам поттикнат од војната и стана главен производ на државните ТВ канали. Тој е една од познатите личности кои официјално го предложија Владимир Путин за новиот претседателски мандат.

Во популарната песна, која понекогаш ја изведува облечен во црна кожна облека со лента на раката во боите на руското знаме, вели дека Русите се нераскинливи и дека ќе одат до крај, дека е „Рус, за инат на целиот свет“ и дека во себе ја носи татковата крв.

Во ноември, 32-годишната пејач симулираше активирање на нуклеарна бомба на концерт што го емитуваше државната телевизија. Тој го притиснал црвеното копче во лажниот нуклеарен ковчег, по што активираше огномет.

„Ако ова не е постиронија и метаиронија, што е“

Во пораката објавена на Твитер од неговите сојузници, Навални ја опиша својата утринска рутина.

„Пејачот Шаман стана познат кога веќе бев во затвор, па не можев да го видам или да ја слушам неговата музика. Но знаев дека тој стана главниот пејач на Путин и дека неговата главна песна е „Јас сум Русин““, напиша Навални.

„Секако дека ме интересираше како звучи, но каде да го слушам во затвор. А потоа ме донесоа во Јамал. И овде секој ден во 5 часот наутро ја слушаме командата: „Стани! “, проследена со руската национална химна, а веднаш потоа свири втората најважна песна во земјата – „Јас сум Русин“ од Шаман“, рече тој.

Иронично е, рече Навални, што државната пропаганда еднаш укажа дека тој марширал со руски националисти, а сега, години подоцна, му свират ултранационалистичка поп песна за едукативни цели.

„Искрено, сè уште не сум сигурен дека сосема разбирам што е постиронија и метаиронија. Но, ако ова не е тоа, што е? – праша Навални.

Навални е во затвор, неговото движење е забрането, а повеќето негови главни поддржувачи избегаа во странство.


Можеби ќе ве интересира

ФИЦО: Ракетен напад на Брисел би ги опаметил членовите на Европскиот парламент

ФИЦО: Ракетен напад на Брисел би ги опаметил членовите на Европскиот парламент

ДЕСЕТ НАЈПРИЈАТЕЛСКИ ДРЖАВИ ВО ЕВРОПА: И земји од регионот се најдоа на листата

ДЕСЕТ НАЈПРИЈАТЕЛСКИ ДРЖАВИ ВО ЕВРОПА: И земји од регионот се најдоа на листата

(ВИДЕО) ИНЦИДЕНТ ВО ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ: Унгарец го нападна Виктор Орбан

(ВИДЕО) ИНЦИДЕНТ ВО ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ: Унгарец го нападна Виктор Орбан

КОНТРОВЕРЗНА ИЗЈАВА НА ТРАМП: Газа може да биде подобра од Монако

КОНТРОВЕРЗНА ИЗЈАВА НА ТРАМП: Газа може да биде подобра од Монако

СИТУАЦИЈАТА Е НЕСТАБИЛНА, СЕ ВОДАТ ЖЕСТОКИ БОРБИ: Руската војска навлезе и во градот Торецк

СИТУАЦИЈАТА Е НЕСТАБИЛНА, СЕ ВОДАТ ЖЕСТОКИ БОРБИ: Руската војска навлезе и во градот Торецк

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ПОРАДИ ОПАСНОСТ ОД СМРТОНОСНА „ТРИПЛЕДЕМИЈА“: Заразата со три вируси оддеднаш може да биде фатална

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ПОРАДИ ОПАСНОСТ ОД СМРТОНОСНА „ТРИПЛЕДЕМИЈА“: Заразата со три вируси оддеднаш може да биде фатална

ПУТИН САМИОТ ЈА СРАМНИЛ СО ЗЕМЈА ЛУКСУЗНАТА ВИЛА ВО СОЧИ: Ќе гради нова, побезбедна?

ПУТИН САМИОТ ЈА СРАМНИЛ СО ЗЕМЈА ЛУКСУЗНАТА ВИЛА ВО СОЧИ: Ќе гради нова, побезбедна?

УРАГАНОТ „КРИК“ СЕ ДВИЖИ КОН ЕВРОПА: Еве каде ќе удри, носи силен ветер и дожд

УРАГАНОТ „КРИК“ СЕ ДВИЖИ КОН ЕВРОПА: Еве каде ќе удри, носи силен ветер и дожд

РУСИН КОЈ СЕ БОРЕШЕ НА СТРАНАТА НА УКРАИНА ЗАГИНА: Станува збор за познат активист

РУСИН КОЈ СЕ БОРЕШЕ НА СТРАНАТА НА УКРАИНА ЗАГИНА: Станува збор за познат активист