Навреме отворени гласачките места во Гевгелија, Вевчани, Куманово, Струга, Делчево...
Објавено во: Македонија 11 Декември, 2016 09:10
Според поголем број на извештаи навремено се отворени речиси сите над 3000 гласачки места низ Република Македонија точно во 7 часот наутро, а наскоро се очекува и Државната изборна комисија да излезе со првичните информации дали се поминало во најдобар ред и дали некаде има проблеми или попречувања, но барем досега такви информации не се шират.
Гласањето навремено започнало низ сите краишта на Македонија, на југоистокот во Гевгелија, Валандово и Богданци, на исток во Делчево, потоа на југозападот на Македонија во Струга и Вевчани, како и на северот во Куманово.
- Сите 167 избирачки места во Куманово се отворени навреме и гласањето се одвива непречено, информираше претседателот на ОИК Ненад Саздевски.
Во Куманово се евидентирани вкупно 90.848 гласачи, од кои 89.427 гласаат во втората Изборна единица, а 1.421 лице гласаат во ИЕ3.
Во Липково право на глас имаат вкупно 24.348 лица на 36 избирачки места. Гласачките места се отворени навреме во седум чaсот изутринава, соопшти Љирим Јашари, претседател на ОИК Липково.
И во општина Старо Нагоричане гласањето се одвива непречено на 37 избирачки места, а право на глас имаат 3.462 гласачи.
Можеби ќе ве интересира
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица




