НБМ: Банките ни се стабилни и сигурни, само се забавува кредитирањето!
Објавено во: Финансии 20 Декември, 2012 14:44
На седница Советот на Народната банка го разгледа Извештајот за банкарскиот систем на Република Македонија во третиот квартал од 2012 година. Заклучено беше дека банкарскиот систем, како што се вели во соопштението, во услови на надворешно опкружување исполнето со големи предизвици, успеа да ја задржи својата ликвидност и солвентност, а со тоа и својата стабилност и сигурност.
Ликвидните средства, што покриваат близу 60% од вкупните депозити на домаќинствата и 42% од вкупните депозити, и натаму претставуваат една третина од вкупната актива на банкарскиот сектор. Специфична промена во ликвидната актива на банкарскиот систем во третиот квартал е растот на средствата на банките на сметки во странски банки и намалувањето на нивните вложувања во хартии од вредност.
Високата солвентност е вториот столб на банкарскиот систем. На 30 септември 2012 година, стапката на адекватноста на капиталот изнесува 17,1% и е двојно повисока од законскиот минимум од 8%. На почетокот на третиот квартал започна да се применува новата методологија за адекватност на капиталот, што овозможи подобро поврзување на профилот на ризик на банките со регулаторниот капитал, но таа не предизвика позначителни ефекти врз стапката на адекватност на капиталот.
Кредитната активност продолжи да расте, како на квартална, така и на годишна основа, но сепак со забавена динамика. Ова забавување на вкупните кредити е еден од факторите што предизвикаа стапката на нефункционални кредити, на 30 септември 2012 година, да се искачи до 10,9%. Сепак, профитабилноста на банкарскиот систем и натаму зајакнува, што произлегува од зголемувањето на нето каматниот приход. Стапките на поврат на активата и капиталот се зголемија и на 30 септември 2012 година изнесуваа 0,3% и 2,3%, соодветно, а воедно се подобри и оперативната ефикасност на банките.
На денешната седница, Советот на Народната банка ја донесе и Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за управување со ризиците, којашто на супервизијата на Народната банка ќе ѝ овозможи подобар увид во поединечните категории ризици на коишто се изложени банките. Имено, и досега банките беа должни да утврдуваат одредено ниво интерен капитал за покривање поединечен ризик на кој е или може да биде изложена банката во своето работење, а оваа одлука појасно го дефинира процесот на тоа утврдување. При ова, банките воспоставуваат процедури за сеопфатно оценување на адекватноста на капиталот, поврзан со нивниот профил на ризик, но и со нивната стратегија за одржување на нивото на капиталот. Интерниот капитал претставува дополнување на регулаторниот капитал и неговото утврдување главно се заснова врз интерните методи и процедури на банките. Процесот на утврдување на интерниот капитал е и квалитативен, а Народната банка ја оценува неговата соодветност по поединечни банки, имајќи ги предвид јасно дефинираните насоки во Одлуката.
Советот ја донесе и Методологијата за евидентирање и вреднување на сметководствените ставки и за подготовка на финансиските извештаи, за да се постигне усогласување со измените во Меѓународните стандарди за финансиско известување усогласени од Одборот за меѓународни сметководствени стандарди и чијашто ефективна примена за деловните банки започнува од 1 јануари 2013 година.
На седницата беше усвоена и Програмата за работа на Народната банка на Република Македонија за 2013 година, којашто претставува детаљна разработка на планираните активности за наредната година, заради поефикасно следење на статусот на остварувањето на Насоките за работа на Народната банка на Република Македонија за 2013 година и утврдените стратегиски цели. Во рамки на актите коишто се однесуваат на работењето на Народната банка на Република Македонија за наредната година, Советот ги разгледа и ги усвои Програмата за работа на Дирекцијата за внатрешна ревизија за 2013 година и Среднорочната програма за внатрешна ревизија 2013-2015 година, како и Финансискиот план и Планот за инвестиции за 2013 година, стои на крајот на соопштението по седницата на Советот на НБМ.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката
ПЕНЗИОНЕРИТЕ ПРЕД УСТАВЕН ГО ИЗРАЗИЈА РЕВОЛТОТ: „Се бориме за корка леб и лекови“





