Добивај вести на Viber
Мала надолна ревизија на БДП за годинава предвидува Народната банка од 2, 6 %, на 2, 2%. Следната пак година наместо 3, 4 се очекуваат 3 проценти раст. По стагнацијата лани, во следните две години ќе има умерен раст при очекување на нови приватни и јавни инвестиции, велат од Народната банка.
Се очекува пониска стапка на инфлација годинава и позначително забавување на инфлацијата следната година. Според НБМ дознаките од иселениците ќе бидат доволни за покривање на дефицитот на тековната сметка и дополнителна кумулација на државните девизни резерви.
Според НБМ странските директни инвестиции не се толку лоши ако се има предвид одливот на инвестиции. Ако се одземе одливот станува збор за инвестиции од околу 200 милиони евра лани, приближно на нивото од 2011. Само една компанија во ноември имала одлив од 34 милиони евра, не станува збор за грчка компанија.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.