05 Декември, 2025
0.0323

Народна Банка како „баба Ванѓа“!

Објавено во: Финансии 11 Јуни, 2016 09:38

Добивај вести на Viber

Раст од два отсто забележа македонската економија во првите три месеци од годината. Според податоците на Државниот завод за статистика растот на економијата е придвижен од растот на градежништвото кое во првите три месеци од годинава изнесува 7,7 отсто. Но, она што загрижува се податоците дека има намалување за десет отсто кај бруто инвестциите, пад регистрира и преработувачката индустрија од седум отсто, а негативен тренд има и кај рударството. Позитивен показател сепак е тоа што извозот е пораснат за 14,7 отсто во првиот квартал од годинава. Раст има и кај увозот, но со помало темпо, односно увозот пораснал за 7,6 отсто. Иако има раст на јавната потрошувачка во првиот квартал од годинава за 4,2 отсто, сепак се гледа дека тоа е помалку во однос на претходните два квартали од минатата година. Односно, лани во тртиот квартал растот на јавната потрошувачка изнесувал 15,4 отсто, а во четвртиот квартал изнесувал 9,7 отсто, што според економистите укажува дека лани во поселдните два квартали од годинта владата ги засилила трошењата за да го амортизира ударот од кризата, но дека сега во првиот квартал  од годинава тоа не е случај. Политичката криза веќе ги испорачува првите удари врз економијата Економистите посочуваат дека политичката криза веќе ги испорачува првите позначајнинегативните ефекти во економијата. „Значителен е падот кај бруто инвестициите, што е одраз на комплетната замрзнатост на приватниот сектор да презема позначајни одлуки. Истото може да се види и по падот кај преработувачката индустрија и забавениот раст на градежништвото“, вели универзитетскиот професор Марјан Петрески. Спроед Петрески, со овие последни податоци се гледа дека државата се повлекла од значително неутрализирање на ефектите од кризата, бидејќи јавната потрошувачка пораснала со само 4.2% што е отприлика трипати помалку од нејзиниот раст во втората половина лани. „Така што, во ваква констелација во која приватниот сектор е целосно воздржан, а владината потрошувачка веќе не се стреми целосно да ја компензира таа воздржаност, проекциите за раст во 2016 од 3,5 отсто или повеќе, стануваат нереални, додава Петрески. Дека политичката криза го зема својот данок во економијата покажува видно забавениот раст набруто домашниот производ во првиот квартал од годинава. „Само заради операцијата на заокружување на децималите е покажан раст од 2%, инаку се работи за раст кој е помал од 1,96%. Народната банка испадна „баба Ванѓа“ со најавата (песимистичко сценарио) за раст во 2016 година од само 1,6%. Се разбира во актуеалната констелација ваквото сценарио не беше неочекувано, вели Павле Гацов, претседател на Здружението на даночни експерти. Сега, светла точка во последните податоците за БДП економистите гледаат во растот на извозотод 14,7 отсто. Но, од друга страна се посочува дека разочарувачки е  тоа што има 10 процентенпад на бруто инвестициите, бидејќи застојот во инвестирањето ќе има одложен негативен ефект врз останатите сектори. „Се чини дека до крајот на годината евентуалниот раст на бруто инвестициите може да го помрдне ратот на бруто домашниот производ. Но, изгледите за ова се многу слаби, особено ако се има во вид актуелниот финансиски капацитет на државата и реалниот сектор. Евентуалното задолжување во странство ќе влијае на менување на лошата прогноза. Малиот раст на бруто домашниот производ, како именител во дропката за мерење на јавниот долг ќе влијае на зголемување на процентот на задолженост на Македонија, смета Гацов.   Тој додава дека останатите чинители имаат раст кој во вакви услови е оптимален. Растот на градежништвото од 7,7% се смета дека не е лош со оглед на тоа дека во првиот квартал од годината заради временските прилики најмалку се гради. СДСМ – ниту со манипулации неможе да се испорача поголем раст од 2 отсто Опозициската СДСМ, пак посочи дека и покрај сите „статистички гимнастики“ за потребите на Никола Груевски,  Државниот завод за статистика, не успеа да испорача повисок раст од 2% на Бруто домашниот производ во првиот квартал на годинава. „Несфатливо е како Државниот завод за статистика прикажува реален раст од 2%, а номинален раст од 8.7% во услови кога речиси и да нема инфлација? Манипулациите што се правеа со статистичките податоци изминативе години, потклекнаа и не ја исполнија желба на Груевски за повисок раст на БДП, вели Кире Наумов, од СДСМ. Ваквите прогнози на ДЗС за раст на БДП од 2% во првиот квартал на 2016 покажува дека песимистичкото сценарио на Богов и на НБРМ нема да се оствари. „Политичката криза беше намерно продлабочена од власта во заминување со цел граѓаните да бидат манипулирани од контролираните институции преку шпекулативни изјави и сценарија и затоа разрешница на политичката криза е потребна час побрзо затоа што не дозволуваме цената да ја плаќаат граѓаните на Р.Македонија, додава Наумов. С.Н.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката