05 Декември, 2025
0.0341

НБРМ: Економијата закрепнува, банкарскиот сектор е стабилен

Објавено во: Финансии 31 Јули, 2014 13:49

Добивај вести на Viber

Домашната економија и натаму засилено закрепнува, во услови на ниска инфлација и зголемена кредитна поддршка од страна на банкарскиот сектор, заклучи Советот на Народната банка на Република Македонија на денешната седница, анализирајќи ги резултатите од најновиот Квартален извештај. „Клучните макроекономски параметри во домашната економија главно се движеа во согласност со проекциите од априлскиот циклус. Бруто домашниот производ оствари годишен раст од 3,9%, што е повисока стапка на раст од очекуваната за првиот квартал. Главен двигател на растот и натаму е извозниот сектор, како ефект од зголемената активност на новите производствени капацитети во технолошко-индустриските развојни зони и постепеното засилување на надворешната побарувачка. Во текот на вториот квартал, домашните цени се намалија за 0,9%, во просек, на годишна основа. Ваквите остварувања укажуваа на значително пониски инфлациски притисоци во однос на очекувањата, главно како резултат на фактори на страната на понудата, односно на надолните отстапувања во динамиката на светските цени на храната и на нафтата и нивните ефекти пренесени врз домашните цени. Забавување беше забележано и кај базичната инфлација, којашто во вториот квартал изнесува 0,7%, во просек. Цените на недвижностите на домашниот пазар забележаа зголемување, по негативните поместувања во претходните два квартала. Имајќи ги предвид остварените движења и најновите ревизии на влезните надворешни претпоставки, ризиците околу проекцијата на инфлацијата од 1% за 2014 година се оценуваат како претежно надолни“, оценува Советот на НБРМ. Движењата на девизниот пазар биле во согласност со очекувањата, при што девизните резерви и натаму биле на соодветното ниво за апсорбирање на евентуалните непредвидени шокови. Во однос на ризиците околу идните движења, и во овој период било оценето дека тие се главно од надворешна природа и се поврзани со евентуалните промени во динамиката на заздравување на глобалниот економски раст и на движењето на светските цени на храната и на енергијата. Советот на Народната банка го разгледа и Извештајот за ризиците во банкарскиот систем во Република Македонија во првиот квартал од 2014 година. Заклучено беше дека банкарскиот систем, и во услови на надворешно опкружување исполнето со големи предизвици, успеа да ја задржи својата ликвидност и солвентност, а со тоа и својата стабилност и сигурност. Вкупната актива на банкарскиот систем растеше и на квартално и на годишно ниво, но со различен интензитет. Денарските долгорочни депозити на секторот „домаќинства“ беа носители на растот на депозитната активност, со што продолжи трендот на позитивни промени во валутниот и во рочниот профил на изворите на средства на банките. Во првиот квартал од 2014 година банкарскиот систем оствари добивка, со што беше прекинат неколкугодишниот тренд на остварување негативен финансиски резултат во овој период од годината. На 31 март 2014 година, учеството на нефункционалните во вкупните кредити се сведе на 11,1%. Сепак, по пресечниот датум на овој извештај, односно на крајот на мај 2014 година, стапката на нефункционалните кредити се врати на просечното ниво за 2013 година од 11,9%. Кредитниот ризик и натаму е најприсутниот ризик во банкарскиот систем на Република Македонија, но целосната покриеност на нефункционалните кредити со вкупната исправка на вредноста ја намалува опасноста од нивната ненаплатливост за солвентноста на банките. На 31 март 2014 година, стапката на адекватност на капиталот е двојно повисока од законски пропишаниот минимум и изнесува 16,6%. Ликвидноста и натаму јакне, што главно се должи на зголемените вложувања на банките во државни записи, коишто покрај тоа што се нискоризични, претставуваат и соодветен инструмент за управување со ликвидноста. Близу една третина од активата на банките се ликвидни средства, коишто обезбедуваат висока покриеност на краткорочните обврски на банките. Особено е значајно тоа дека македонските банки, општо, не зависат од користењето заеми од своите матични субјекти, чијшто износ и дополнително се намали во првиот квартал од 2014 година, информираат од НБРМ.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката