05 Декември, 2025
0.0455

НБРМ: Економијата закрепнува, инфлацијата се контролира, но ризиците остануваат

Објавено во: Финансии 13 Ноември, 2013 20:43

Добивај вести на Viber

Каматната стапка на благајничките записи да се задржи на нивото од 3,25 %, а на аукција да се понудат благајнички записи на ниво на износот што достасува, одлучи Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка (НБРМ) на денешната седница. Оттаму не очекуваат поголеми промени во однос на амбиентот за водење на монетарната политика, а беше посочено дека остварувањата во реалниот сектор во првата половина од годината се подобри од очекуваните. Затоа се предвидува повисок економски раст за 2013 година, но и поради фактот што се очекува натамошна поддршка на растот преку странски и јавни инвестиции. Од НБРМ ќе ја задржат тековната монетарна поставеност, а посочија и дека иако ќе закрепнува економијата, нема да дојде до забрзување на инфлацијата. „Инфлациските изгледи за 2013 година не се променети во однос на април. И понатаму се очекува забавување на растот на инфлацијата во следните две години, во отсуство на шоковите од увозните цени, коишто ги имаше досега. Проекциите за надворешниот сектор упатуваат на помал дефицит во тековната сметка во однос на очекуваниот во текот на априлските проекции, при помали увозни притисоци и подобри извозни остварувања“, соопштија од банката. Сепак следните две години се очекува зголемување на дефицитот во тековната сметка, но проекциите, посочуваат од НБРМ, укажуваат на доволно капитални приливи за финансирање на дефицитот и зголемување на девизните резерви. „Во 2013 година кредитната поддршка на економијата е малку послаба од очекувањата, имајќи предвид дека банките се уште се воздржуваат од кредитирање, а оценето е дека има високи ризици во корпоративниот сектор и дека стратегиите на големите банкарски групации во македонскиот банкарски систем се конзервативни. Сепак, во следните две години се очекува забрзување на кредитниот раст, при претпоставки за солиден раст на депозитите, подобрување на квалитетот на кредитната побарувачка и на согледувањата за ризик на банките“, посочуваат од НБРМ. Велат дека постојат ризици за надворешната позиција на економијата, односно базичната инфлација и натаму е релативно висока што упатува на потреба од поголема претпазливост. Ликвидноста на македонскиот банкарски систем и во октомври е стабилна.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката