Добивај вести на Viber
Инфлацијата останува во рамките на проекциите, девизните резерви ги има доволно ако има потреба од справување со евентуални, непредвидени шокови. Како што оценува Народната банка на Република Македонија(НБРМ), кредитните текови остануваат позитивни со поголема ориентираност на банките кон населението, а депозитите во банкарскиот систем, иако побавно од очекуваното, сепак растат.
Во своето соопштение НБРМ посочува дека каматната стапка на благајничките записи ќе се задржи на нивото од 3,25 отсто, а на аукција ќе се понудат благајнички записи на ниво на достасаниот износ, 25.500 милиони денари. Исто така, додаваат од Банката, податоците за кредитните текови укажуваат на можно остварување на планираната динамика на кредитната активност.
„Во првите шест месеци од 2013 година, износот на новоодобрени кредити од страна на банките кон секторот на нето-извозници и домашни производители на електрична енергија достигна 3.588 милиони денари, при што новоодобрените кредити во најголем дел, 99 отсто, се кон секторот нето-извозници. Растот на новоодобрените кредити овозможува намалување на основата на задолжителната резерва на банките со што се создава простор за натамошно зголемување на кредитната поддршка на приватниот сектор“, соопштија од НБРМ.
Сепак додаваат од централната банка, и покрај ваквите остварувања остануваат ризиците околу проекцијата на кредитите.
„Ликвидноста на банкарскиот систем во Република Македонија во јули се намали под влијание на автономните фактори, што беше под влијание пред се на сезонскиот раст на готовите пари во оптек. Банките активно ги користеа монетарните инструменти за надминување на ликвидносните флуктуации, а движењата на домашните финансиски пазари се стабилни. На пазарот на пари се забележува зголемување на меѓубанкарската активност и тргување на подолги рочности, а пораст се забележува и кај тргувањето на секундарниот пазар. Зголемената трговска активност укажува дека е задржан високиот степен на доверба меѓу пазарните учесници“, посочуваат од НБРМ.
Инфлацијата и понатаму се движи во проектираните рамки, соопштија од НБРМ а последните оцени покажуваат урамнотежени ризици околу проектираната просечна инфлација од 2,8% за 2013 година.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.