05 Декември, 2025
0.1542

НБРМ ја намали каматната стапка на благајничките записи на 3,25 отсто

Објавено во: Финансии 10 Јули, 2013 18:36

Добивај вести на Viber

Каматната стапка на благајничките записи ќе се намали за 0,25 процентен поен односно на  3,25 отсто. Ваква одлука денеска донесе Народната банка на Република Македонија. Станува збор за основна каматна стапка која потоа се користи од страна на комерцијалните банки при нивното деловно работење. „Во услови кога макроекономските показатели се движат во проектираните рамки, а дел од постоечките ризици се ублажени со веќе преземените мерки на НБРМ во јули, од оценaта на економските и финансиските услови во економијата се согледува дека има простор за дополнително монетарно олабавување преку намалување на каматната стапка“ , стои во одлуката на Комитетот за оперативна монетарна политика. Оттука, одлуката на аукцијата на благајнички записи ќе се примени тендер со ограничен износ на понуда и фиксно утврдена каматна стапка од 3,25%, што претставува намалување од 0,25 п.п. во однос на тековната, максимално утврдена каматна стапка на благајничките записи од 3,50%.  Комитетот исто така донесе одлука за намалување на каматната стапка на расположливите депозити на седум дена на  1,50%. „На ваков начин, монетарната политика му дава дополнителна поддршка на процесот на економско закрепнување, преку основниот монетарен инструмент којшто се сведе на историски најниското ниво, со што се стеснува просторот за натамошно влијание во оваа насока преку овој инструмент“, стои во соопшението на НБРМ. Како што информираат од НБРМ, девизните резерви бележат пад, но според нив станува збор за вообичаено сезонско движење. Од НБРМ исто така посочија дека извршената промена кај инструментот задолжителна резерва ќе го намали ризикот од понатамошно стеснување на распонот меѓу приносите на денарското и девизното штедење.  

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката