05 Декември, 2025
0.0413

НБРМ: Кредитната активност на населението пораснала минатиот месец

Објавено во: Финансии 09 Октомври, 2013 14:44

Добивај вести на Viber

Основната каматна стапка на Народната банка (НБРМ) да се задржи на постојното ниво од 3,25 отсто, а на аукцијата да се понудат благајнички записи во висина од 25.500 милиони денари, односно на ниво на износот којшто достасува, беше одлучено на вчерашната седницата на Комитетот за оперативна монетарна политика на НБРМ. На седницата беа разгледани најновите макроекономски и пазарни показатели, во контекст на нивните ефекти врз поставеноста на монетарната политика. Беше заклучено дека најновите движења не упатуваат на поголеми промени во амбиентот за спроведување на монетарната политика во однос на претходните оцени, дадени во септември. - Годишниот раст на инфлацијата се уште забавува и во септември изнесуваше 1,6 отсто. Инфлациските остварувања се во рамките на проекциите целосно, а последните оцени и понатаму укажуваат на врамнотежени ризици околу проектираната просечна инфлација од 2,8 отсто за 2013 година, стои во денешното соопштение од НБРМ. По високиот раст на БДП во вториот квартал од 3,9 отсто, од НБРМ очекуваат растот да се задржи, но да биде умерено понизок, во согласност со показателите за економската активност, како што се градежништвото и индустријата. Според првичните податоци за кредитните текови, во септември има мал месечен раст на кредитната активност, при пад на кредитирањето на корпоративниот сектор и понатамошен раст на кредитната поддршка на секторот „население“. Од НБРМ ризиците околу проекцијата на кредитите и понатаму ги оценуваат како претежно надолни и поврзани со натамошните согледувања на банките за присуство на ризици, како и со конзервативните стратегии применувани од големите банкарски групации во македонскиот банкарски систем. Во септември, ликвидноста на банкарскиот систем во Република Македонија се зголеми под влијание на автономните фактори, во најголем дел заради сезонскиот пад на готовите пари во оптек. - Банките активно ги користеа монетарните инструменти за надминување на ликвидносните флуктуации, а на пазарот на депозити, меѓубанкарските трансакции беа со рочност до еден месец, посочуваат од НБРМ. Најновите макроекономски показатели за евро-зоната, којашто во вториот квартал излезе од рецесија, според НБРМ, укажуваат на натамошно економско закрепнување. - Имајќи ги предвид ризиците коишто влијаат врз динамиката и интензитетот на закрепнување на економијата (висока невработеност, намалено кредитирање, фискална консолидација), Европската централна банка продолжи да спроведува стимулативна монетарна политика. Во САД, и покрај очекувањата за отпочнување со постепено повлекување на креираната ликвидност, на состанокот на ФЕД беше одлучено да не се започне со намалување на месечниот откуп на државни и хипотекарни хартии од вредност. Исто така, економските агенти се соочуваат и со висока неизвесност во однос на постигнувањето политички компромис за фискалните прашања (буџетот за фискалната 2014 година и подигнување на горната граница на јавниот долг), велат од НБРМ. Народната банка, додаваат, ќе продолжи внимателно да ги следи идните макроекономски движења и евентуалното остварување на ризиците и соодветно на тоа, ќе ја приспособува монетарната политика.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката