05 Декември, 2025
0.1436

НБРМ: Под лупа банките со грчки и словенечки капитал!

Објавено во: Финансии 10 Јануари, 2014 09:18

Добивај вести на Viber

Регионални супервизори ќе ги скенираат македонските банки што се во грчка и словенечка сопственост. Според Програмата за работа на Народната Банка, до крајот на оваа година ќе се изработат специјални Извештаи со кои ќе се утврди ризичниот профил на три банки во земјава, членки на “НБГ“, “Алфа банка АС“ Атина и “НЛБ“. На крајот од 2013 та година, Националната Банка на Грција, која е сопстевник на Стопанска Банка објави позитивни финасиски резултати а словенечката Нова Љубљанска Банка пак очекува државна инјекција од 1, 55 милијарди евра, како дел од планот за докапитализација. Регионални супервизори ќе го цртаат ризичниот профил на банките! Банките, штедилниците, менувачниците и давателеите на услуги за брз транфер на пари под засилен мониторинг – во текот на првиот квартал од оваа година Народната Банка ќе изработи Електронски регистар на утврдените нерегуларности. Ќе ги содржи сите детаљи поврзани со нерегуларности и неусогласености. Веќе во вотриот економски квартал гувернерот Димитар Богов ќе започне со поединечни средби со банките на кои ќе реферираат за ризиците на кои се изложени и развојните политики и стратегии. Освен редовната супервизорска контрола, оваа година преку регионални супервизори Народната Банка ќе ги таргетира банките кои се во доминантна словеначка и грчка контрола.
“НБРМ ќе преземе активности за изработка на Супервизорски извештај за состојбата и ризичниот профил на домашните банки, членки на групациите: “НБГ“, “Алфа банка АС“ Атина и “НЛБ“ и нивно доставување до супервизорските органи во на матичните банки во Грција и во Словенија“ - пишува во Програмата на Народната Банка.
Сознанијата и наодите од овие извештаи ќе бидат применети за натамошно следење на состојбата во банките, објаснуваат од НБРМ. Вкупното пазарно учество на банките што се во доминантна странска сопственост изнесува 68,3%. Трите најголеми банки во земјава : НЛБ Тутунска Банка, НБГ Стопанска Банка и Комерцијална Банка зафаќаат две третини од вкупната актива Што се случува во Атина и во Љубљана?  Најголемата банкарска групација од Грција, НБГ, на крајот од 2013 та објави дека од почетокот на годината остварила профит од 262 милиони евра за разлика од генерираната загуба 2,5 милијарди евра од истиот период од 2011 та.
„Значајно е тоа што овие резултати се остварени и покрај привремените потешкотии со кои банката се соочи на турскиот пазар во третиот квартал“, изјави извршниот директор на банката Александрос Турколијас“.
Грчката банкарска групација наведе дека профитот е остварен благодарение на континуираното кратење на трошоците во Грција и југоисточна Европа, со што се надомести растот на трошоците на турскиот пазар кој е во развој. Сите четири најголеми грчки банки, покрај НБГ, и Пиреус, Алфа банка и Еуробанка, неодамна поминаа низ процес на докапитализација под услови што беа договорени со меѓународните кредитори на Грција. На крајот од 2013 та година, Европската Комисија даде зелено светло за доделување на државна помош за петте водечки банки во Словенија, меѓу нив и за Нова Љубљанска Банка, која е сопственик на НЛБ Тутунска Банка. Со овој потег практично се потврдија плановите за реконструирање на банката која е во државна сопственост.
“Денешните одлуки ќе ја зајакнат довербата во словенечките банки“, изјави во Брисел еврокомесарот за конкурентност Хоакин Алмуниа.
Стрес тестовите спроведени во 10 словенечки банки, покажаа дека трите најголеми банки, НЛБ, НКБМ и Абанка, ќе можат да пренесат 4,5 милијарди евра од своите лоши побарувања на лошата банка, при што нивната реална трансациска вредност ќе изнесува само 1,676 милијарди евра. Нова Љубјанска Банка од државата ќе добие финансиска инјекција од 1,551 милијарди евра. Во Скопје банките прикажуваат добивка и солидни резултати  Двете банкарски групации, НЛБ Тутунска Банка и НБГ Стопанска Банка ја почнаа 2014 та година со намалени камати. Стопанска Банка, која чува повеќе од 1 милијарда депозити, објави дека ги намалува каматите за денарските кредити за населението. Во пакет со овој потег се намалија и каматите за штедењето.
“Согласно намалувањето на референтната стапка, Стопанска банка АД – Скопје направи соодветно намалување на каматните стапки на денарските кредити за население. Следејќи го ова намалување, Банката ги прилагоди и каматните стапки на денарските и депозитите во странска валута.“ - информираа од банката.
Со пониски камати започна и годината за клентите на НЛБ Тутунска банка, која објави дека како резултат на намалување на каматната стапка на благајничките записи, а со тоа и намалувањето на референтната каматна стапка, ги намали каматите за продуктите за физичките лица како и каматите на депозитите за физички и за правни лица. Во 2013 та година, Стопанска Банка доби нов директор, по 12,5 години менаџирање Глигор Бишев ја напушти директорската фотеља и замина во Шпаркасе Банката. На чело на НБГ Стопанска Банка застана Диомидис Николетопулос. Непосредно по менаџерската промена во Скопје, грчки “Катимерини“ објави дека Националната банка на Грција планира да се повлече од пазарите во Југоисточна Европа, во рамки на договорот, склучен меѓу грчката кредитна институција и Европската комисија. Според весникот, Националната банка на Грција постигнала договор со институцијата за конкурентност во рамки на Европската комисија, според кој групата ќе го задржи мнозинското учество во турскиот огранок на „Финансбанк“, но ќе се повлече од Македонија, Албанија, Бугарија, Романија и Србија. Од централата во Скопје негираа.
“Добро познато е дека Стопанска банка АД – Скопје работи со континуиран успех и со финансиска независност од НБГ групацијата и продолжува успешно да работи во согласност со регулативата и под супервизија на Народната Банка на Република Македонија, велат од Банката.“ - соопштија од НБГ Стопанска Банка на крајот од 2013 та година.
Заклучно со септември, Стопанска Банка прикажа добивка пред оданочување од 13,2 милиони евра. Стопанска Банка во првите девет месеци од годинaва во споредба со истиот период лани, прикажа позитивен финансиски резултат поголем за 34,6%. А.Д.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката