НБРМ: Поплавите во регионот носат ризик од ценовна нестабилност
Објавено во: Финансии 11 Јуни, 2014 18:36
Поплавите кои го зафатија балканскиот регион во изминатиот период, заедно со случувањата во Украина, претставуваат потенцијален ризик за економијата, кој може да се одрази преку нестабилноста на цените на енергенсите и на житните производи, а воедно може да имаат влијание и врз очекуваното економско закрепнување, предупредува Народната банка на Република Македонија.
Комитетот за оперативна монетарна политика на НБРМ оцени дека заради ова се наметнува потреба од постојано следење на настаните. Проценка на ова тело е дека економијата и натаму солидно закрепнува, односно дека постојат предуслови приватниот сектор да закрепнува и без дополнителен монетарен стимул.
„Оттука, се оценува дека досегашната поддршка на домашната економија преку преземените мерки на монетарната политика е доволна. Излегувањето од зоната на приспособлива монетарна политика во следниот период ќе зависи од промените во надворешната позиција на економијата и ефектите врз девизните резерви. Во овој контекст, со последната одлука на Европската централна банка за намалување на каматната стапка се ублажуваат дел од потенцијалните ризици за надворешната позиција на домашната економија. Со промените во каматната стапка на централната банка-сидро се зголемува распонот помеѓу каматната стапка на домашната валута и на еврото со што се зголемува и привлечноста на домашната валута“, стои во соопштението од НБРМ.
Според НБРМ, макроекономските показатели не укажуваат дека се потребни поголеми промени во амбиентот за водење на монетарната политика. Најновите податоци за инфлацијата во мај 2014 година покажуваат мал месечен раст на цените и забавување на нивниот годишен пад.
“Најновите показатели за економската активност за првото тримесечје покажуваат понатамошни поволни трендови во реалниот сектор, при раст на активноста во поголемиот дел од клучните економски сектори. Притоа, беше оценето дека економското закрепнување ќе се одвива со динамика слична на оцените дадени во априлските проекции. Воедно, и понатаму не се очекува дека растот ќе биде доволно силен за да предизвика поголеми нерамнотежи во економијата, во форма на инфлациски притисоци и позначително влошување на надворешната позиција“, се додава во соопштението.
Од април досега, девизните резерви умерено се намалија, што е во согласност со очекувањата на НБРМ за овој период дека дел од финансирањето на дефицитот во тековната сметка ќе биде поддржан преку девизните резерви. Кредитните текови се малку подобри од очекуваните во рамки на последните проекции. Од друга страна, растот на депозитната база е умерен и малку послаб од очекувањата. Однесувањето на банките на кредитниот пазар дава сигнал за постепено подобрување на очекувањата на банките и на нивните оцени за профилот на ризик на кредитната побарувачка.
Во домашната економија, ликвидноста на банките под влијание на автономните фактори во мај се зголеми, при што банките и натаму имаат интерес за пласирање на дел од вишокот ликвидни средства во краткорочни депозити кај Народната банка. На пазарот на необезбедени депозити, тргувањето помеѓу банките достигна историски највисок месечен износ, што укажува на висок степен на ефикасност на овој сегмент од финансиските пазари и доверба помеѓу пазарните учесници.
Комитетот за оперативна монетарна политика на НБРМ оцени дека постојната монетарна поставеност е соодветна, при што одлучи да се задржи тековната монетарна поставеност, а на аукцијата да се понудат благајнички записи на ниво на износот којшто достасува (25.500 милиони денари), со непроменета каматна стапка на нивото од 3,25%.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката





