Добивај вести на Viber
Народната банка на Република Македонија (НБРМ) ја задржа прогнозата за раст на БДП од 3,7% до крајот на годината и 4,4% за следната година.
Очекувањата се дека растот и натаму ќе произлезе од извозната инвестициска побарувачка што соодветствува со оценките за подобрување на надворешното економско опкружување за влез на нови и зголемување на искористеноста на постојните капацитети ориентирани кон извоз, како и позитивен импулс од јавните инвестиции.
„Најновите показатели за првиот квартал од 2014, како и оценките за идната патека на клучните надворешни и домашни фактори упатуваат на динамика на економскиот раст која не отстапува од претходните очекувања“, проценува централната банка.
Солиден придонес кон растот, особено наредната година, се очекува да даде потрошувачката на домаќинствата во услови на постојано подобрување на состојбите на пазарот на работна сила, кредитна поддршка и постабилни очекувања.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.