05 Декември, 2025
0.0276

Оптимистички проекции на НБРМ: БДП ќе расте – инфлацијата ќе се стабилизира

Објавено во: Финансии 07 Ноември, 2013 20:30

Добивај вести на Viber

Раст на бруто-домашниот производ за 3,3 отсто годнава, односно за 3,7 проценти во 2014 година. Ова се новите и оптимистички проекции на Народната банка. Оттаму прогнозираат дека растот на македонската економија во 2015 ќе достигне до 4,4 проценти, а како главни носители за ова ќе бидат извозниот сектор, инвестициите, но и очекуваното зголемено кредитирање. „Економскиот раст е ревидиран нагоре. Наместо 2,3 проценти, ревидираната стапка е 3,3 проценти. За наредната година очекуваме засилување и наместо 3,1 проценти растот да биде 3,7 проценти, а во 2015 година очекуваме посилен раст од 4,4 проценти“, рече гувернерот на Народната банка, Димитар Богов. Според последните прогнози, инфлацијата ќе се стабилизира на 2,3 отсто во 2014, но на ова ќе притискаат цените на храната, смета гувернерот Богов. Се најавува продлабочување на трговскиот дефицит. „НБРМ има доволно средства и води сметка за обврските кои доаѓаат во наредниот период’, истакна Богов кој вели дека сервисирањето на јавниот долг не треба да се доведе во прашање. Според него, треба да се намали домашното задолжување за покривање на буџетскиот дефицит и дека е подобро тој да се финансира од надворешно задолжување. Богов оптимизмот го темели на подобрите остварувања во првата половина од годинава, извозот од новите странски и јавни инвестиции, но и од придвижувањето на личната потрошувачка. За следната година се очекува странските директни инвестиции да изнесуваат 330 милиони евра или 4 проценти од БДП. Сепак, појаснуваат од НБРМ, ризиците однадвор се сеуште присутни па состојбите ќе зависат и од европските и светски трендови.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката