17 Декември, 2025
0.0472

НБРМ редовно ќе ги објавува податоците за останатите финансиски институции

Објавено во: Економија 30 Август, 2013 10:17

Добивај вести на Viber

Во рамките на монетарната статистика, Народната банка на Република Македонија од денеска ќе започне со редовно објавување на податоците за останатите финансиски институции (осигурителните друштва, пензиските и инвестициските фондови, друштвата за управување со пензиските фондови и друштвата за управување со инвестициските фондови).

Покрај билансите и прегледите на депозитните институции, со квартална периодичност ќе се објавуваат и билансот и прегледот на останатите финансиски институции, како и консолидираниот преглед на финансиските институции. Согласно со календарот за објавување на статистичките податоци, рокот за објавување на овие податоци е поставен на т+60 дена.

Со вклучувањето на податоците за средствата и обврските на останатите финансиски институции, ќе се зголемат опфатот и квалитетот на монетарната статистика, ќе се изврши натамошно приближување кон статистичките барања на меѓународните и европските институции, а на корисниците на податоци ќе им се стават на располагање дополнителни податоци за анализа и следење на стабилноста на целокупниот финансиски систем, соопштуваат од НБРМ.

Можеби ќе ве интересира

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Откриено што ја чека германската економија

Откриено што ја чека германската економија

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?