05 Декември, 2025
0.0276

НБРМ: Умерен раст на инфлацијата од повисоките цени на струјата и цигарите во јули

Објавено во: Финансии 13 Август, 2014 19:16

Добивај вести на Viber

Најновите показатели за економската активност укажуваат на задржување на поволните трендови и можност за остварување солидна стапка на економски раст и во второто тримесечје од годината, заклучи Комитетот за оперативна монетарна политика на НБРМ, кој ги разгледа состојбите во банкарскиот систем, движењата на меѓународните и на домашните финансиски пазари и најновите макроекономски показатели во контекст на поставеноста на монетарната политика. „Поволни поместувања се забележуваат кај повеќето клучни сектори, така што засега не се очекува поголемо отстапување на динамиката на растот од предвидената во априлските проекции. И понатаму се оценува дека динамиката и структурата на економскиот раст нема да предизвикаат поголеми нерамнотежи во економијата во форма на инфлациски притисоци и позначајно влошување на надворешната позиција“, оценува НБРМ. Најновите податоци за инфлацијата во јули 2014 година покажуваат умерен месечен раст, во голема мерка заради факторите со еднократен ефект (раст на цените на електричната енергија и на цените на цигарите, поради зголемувањето на акцизата). Иако годишната инфлација во јули е нешто пониска во однос на очекуваната во априлската проекција, сепак дојде до стеснување на јазот помеѓу остварената и проектираната годишна инфлација. Покрај надолните ризици за проекциите на инфлацијата за 2014 година кои и натаму доминираат, присутни се и нагорни ризици околу цените на енергијата и храната (поврзани со геополитичките тензии во Ирак, руско - украинскиот конфликт, како и евентуалните ефекти од поплавите во регионот). Кредитните текови се нешто подобри од очекуваното во рамки на последните проекции, додека динамиката на раст на депозитната база е умерена и нешто послаба од очекувањата. Во текот на јули кредитниот раст е нешто послаб во однос на претходните два месеца. Во рамки на Анкетата за кредитната активност, спроведена во јули, банките имаат поволни очекувања за третото тримесечје, оценувајќи зголемување и на понудата и на побарувачката на кредити. Ликвидноста на банките во јули се зголеми, под влијание на автономните фактори и намалениот интерес на банките за краткорочните депозити кај Народната банка. За надминување на ликвидносните флуктуации во рамки на периодот на задолжителна резерва, банките активно тргуваа на пазарите на пари, при што прометот на пазарот на необезбедени депозити достигна историски највисока вредност, а тргување имаше и на секундарниот пазар на хартии од вредност. На девизниот пазар, во услови на сезонски повисока понуда од побарувачка на девизи, Народната банка интервенира со откуп на девизи од банките поддржувачи, информира НБРМ. „Најновите оцени на НБРМ не упатуваат на големи промени во амбиентот за спроведување на монетарната политика. Ризиците за основното макроекономско сценарио главно се од надворешна природа и се поврзани со евентуалните промени во динамиката на заздравување на глобалниот економски раст и растот на светските цени на енергијата и храната. Како фактор на ризик остануваат ефектите од случувањата поврзани со конфликтот во Украина, поплавите во регионот, како и случувањата во Ирак. Ризиците од овие случувања може да се остварат преку нестабилност и тешка предвидливост на цените на енергентите и на житните производи, а воедно може да влијаат и врз очекуваното економско закрепнување“, заклучува НБРМ.  

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката