05 Декември, 2025
0.0332

НБРМ: Владата позајмува повеќе пари од банките отколку приватните компании!

Објавено во: Финансии 24 Јули, 2014 09:29

Добивај вести на Viber

Во првиот квартал годинава централната влада просечно дневно се задолжувала кај банките по 698.330 евра односно 109.330 евра повеќе од дневното задолжување на приватниот сектор Деловните банки во земјава повеќе и позајмуваат пари на централната власт (Владата) одошто на приватните компании, покажуваат официјалните податоци за првите три месеци од годинава на Народната банка на Република Македонија (НБРМ), објавени на нејзината интернет страница. Според тие показатели од статистиката на Народната банка, централната влада од банките и штедилниците во периодот јануари – март годинава позајмила 3,87 милијарди денари односно 62,85 милиони евра. Тоа значи дека просечно дневно централната власт од деловните банки зајмела 698.330 евра во денарска противвредност. Наспрема централната власт, деловните банки за истиот период на приватниот сектор во кредити му пласирале вкупно 3,266 милијарди денари односно 53 милиони евра. Тоа значи дека просечно дневно банките на приватните компании им зајмеле  по 589.000 евра. Кога ќе се споредат двата показатели излегува дека Владата во име на централната власт просечно дневно од банките зајмела 109.330 евра повеќе од тоа што просечно дневно го зајмеле компаниите од приватниот сектор во земјава. Дополнително, Владата зајмела и од компаниите кои, во статистиката на НБРМ се водат во ставката „останати финансиски институции“, а тоа се пред се осигурителните компании, инвестициските фондови и приватните пензиски фондови. Според статистиката на НБРМ, централната власт од нив во првите три месеци годинава позајмила 1 милијарда денари односно 17,17 милиони евра.

Во првиот квартал централната власт се задолжила и кај Народната банка на Република Македонија за 165 милиони денари односно за 2,68 милиони евра.

Од извештајот на НБРМ произлегува дека во првиот квартал годинава задолжувањето на централната власт од трите извори: деловните банки и штедилници, останатите финансиски институции и НБРМ изнесува 82,7 милиони евра односно за толкав износ кумулативно се поголеми побарувањата на овие три извори од централната власт. Р.Ф.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката