05 Декември, 2025
0.2923

НБРМ: Во првото полугодие од 2014-та банкарскиот систем оствари тројно поголема добивка од лани

Објавено во: Финансии 30 Октомври, 2014 13:45

Добивај вести на Viber

И во услови на надворешно опкружување исполнето со големи предизвици, банкарскиот систем успеа да ја задржи ликвидноста и солвентноста, а со тоа и својата стабилност и сигурност, заклучи Советот на НБРМ на денешната седница. Растот на активностите на македонските банки продолжи и во текот на вториот квартал на 2014 година, што е резултат на сѐ поголемиот степен на финансиско посредување и поддршката на македонската економија. Носител на растот на изворите на финансирање на банките се депозитите на нефинансиските лица, а во нивни рамки посебно се издвојува растот на денарските депозити на домаќинствата со поголема договорна рочност, што претставува директен одраз на довербата којашто банките ја имаат кај домашната јавност. Воедно, во услови на закрепнување на домашната економска активност и постепено зголемување на апетитите на банките за преземање  ризици, кредитите на нефинансиските субјекти веќе три квартали по ред бележат забрзување на годишниот раст. Растот на кредитирањето е малку поизразен кај кредитите на домаќинствата, но забрзува и годишниот раст на кредитната поддршка на корпоративниот сектор. заклучува НБРМ. Во првото полугодие од 2014 година банкарскиот систем остварил тројно поголема добивка во споредба со истиот период од 2013 година. Главен фактор за подобрувањето на показателите за профитабилноста кај банките беше намалувањето на расходните компоненти, и тоа како на каматните расходи, така и на исправката на вредноста на финансиските средства којашто е намелена пред сѐ како резултат на пониската шестмесечна стапка на раст на нефункционалните кредити. Кредитниот ризик и натаму е најприсутниот ризик во банкарскиот систем на Република Македонија, но поради целосната покриеност на нефункционалните кредити со вкупната исправка на вредноста, се намалува опасноста од нивната ненаплатливост за солвентноста на банките. Солвентноста на македонскиот банкарски систем е стабилна и со двојно повисока стапка на адекватност на капиталот од законскиот минимум и изнесува 16.9% Показателите за ликвидноста се на задоволително ниво, при што ликвидната актива овозможува висока покриеност на депозитите на домаќинствата, истакна Советот на НБРМ.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката