НДМ ја повика МАНУ да направи стратегија, а не да се луксузира со народни пари
Објавено во: Македонија 04 Март, 2017 15:20
Членовите на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) треба да напишат стратегија, а не да праќаат апели и да се луксузираат со народни пари, повика Народното движење за Македонија (НДМ)
НДМ се огорчени и разочарани од соопштението на МАНУ пренесено вчера кое се сведува на изразување длабока загриженост од академиците за актуелната криза и апел до партиите за смирување на состојбите во земјата.
За НДМ таквите апели на МАНУ се слаби. без да се каже како да се обезбеди опстанокот и просперитетот на народот и државата, а токму МАНУ треба да го каже тоа со оглед дека барем формално-правно во неа е концентрирана врвната домашна памет.
„НДМ сака да им ја освежи меморијата на академиците, кои манифестираат селективна сенилност за местото и улогата на МАНУ, и да ги потсетиме дека МАНУ не е невладина организација или здружение на граѓани или политичка партија да праќа критики, апели и писма за опишување на кризата во земјата, туку токму МАНУ како врвната научна институција во земјата има обврска да изработи стратегија, и тоа не стратегија со која Македонија ќе биде фрлена на колена, туку стратегија за одбрана на националните и државните интереси“, се вели во реакцијата.
Оттаму, како што посочуваат од НДМ, народот очекува од МАНУ да види стратегија како национален проект, бидејќи „борбата за опстанок и самостојноста на Македонија продолжува и по периодот на стекнувањето на независноста во 1991 година, земајќи предвид дека земјата е исправена пред сериозни предизвици до степен да го загрозат опстанокот на државата“.
Можеби ќе ве интересира
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица




