15 Декември, 2025
0.0440

НЕ Е ЛЕСНО ДА СЕ УЧИ ЗА ПОП: Условите за упис во средно бараат благослов од надлежен архиереј и уверение од парохискиот свештеник дека кандидатот е подобен за свештенички чин

Објавено во: Македонија 21 Мај, 2025 11:06

Добивај вести на Viber

На социјалните мрежи осамна огласот од МПБ „Св. Климент Охридски“, за упис на ученици во средно училиште.

• да имаат завршено основно образование.

• да имаат основно познавање на Православието.

• да се телесно и душевно здрави.

• да не се постари од 18 години.

• да не се женети.

Приемниот испит се состои од писмена работа и тест по македонски јазик и литература и испит по пеење.

Тестот по македонски јазик ќе го опфати материјалот од граматика и литература, а писмената работа ќе биде на тема од литературата или од лектирите од 5-то до 9-то одделение.

Испитот по пеење се состои од проверка на музичките способности на кандидатите преку пеење на музичката скала и песни.

Кандидатите кои нема да освојат минимум 60 бодови, се смета дека не го положиле приемниот испит и нема да бидат рангирани.

Молбите за прием се поднесуваат преку парохискиот свештеник и надлежниот архиереј до Управата на богословијата. Приемниот испит ќе се одржи на 20.06.2025 г. (петок), со почеток од 09:00ч.

По потреба, ќе се спроведе и втор приемен испит кон крајот на јуни.

Кандидатите треба да ги приложат следните документи:

• свидетелство за свето крштение;

• свидетелства од 5-то до 9-то одделение;

• благослов од надлежниот архиереј;

• уверение од парохискиот свештеник за подобност на кандидатот за свештенички чин;

• лекарска потврда;

• писмена согласност од родителите дека кандидатот може да учи во богословијата и обврска од нив дека редовно ќе ги подмируваат интернатските трошоци доколку ученикот не е стипендист.

„За полагање на приемниот испит кандидатите се должни да уплатат 1500 денари кај секретарот на богословијата, најдоцна до денот пред полагањето на приемниот испит.

Ќе бидат примени најмногу по тројца кандидати од секоја епархија.

Упис на вонредни ученици не се одобрува.

Од управата на Богословијата“, се вели во огласот објавен на социјалните мрежи.


Можеби ќе ве интересира

(ФОТО+ВИДЕО) Скопје блесна во новогодишно руво

(ФОТО+ВИДЕО) Скопје блесна во новогодишно руво

Нема да се издаваат изводи, венчаници и други потврди - ќе има штрајк во Управата за водење на матични книги

Нема да се издаваат изводи, венчаници и други потврди - ќе има штрајк во Управата за водење на матични книги

Овој град од соседството е гастрономски рај со евтини цени: Еве каде Македонците јадат како локалци, а плаќаат помалку

Овој град од соседството е гастрономски рај со евтини цени: Еве каде Македонците јадат како локалци, а плаќаат помалку

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години

Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години

Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст

Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење

ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ НОВОГОДИШНИТЕ ЗАБАВИ - градоначалникот најавува активности за сите генерации

ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ НОВОГОДИШНИТЕ ЗАБАВИ - градоначалникот најавува активности за сите генерации

ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со контрарезолуција во Собрание дека СДСМ лаже за мигранти

ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со контрарезолуција во Собрание дека СДСМ лаже за мигранти