19 Декември, 2025
0.0451

„НЕ ГИ ДОБИВМЕ ОДГОВОРИТЕ НА КЛУЧНИТЕ ПРАШАЊА“: Туфегџиќ по денешната пресуда вели не е јасно зошто е киднапирана и убиена Вања

Објавено во: Македонија 25 Јуни, 2025 11:57

Добивај вести на Viber

По денешната ослободителна пресуда за обвинетиот Александар Ѓорчевски, неговиот бранител, адвокат Владимир Туфегџиќ јавно ја критикуваше истрагата, велејќи дека институциите не одговориле на суштинските прашања поврзани со случајот, киднапирањето и убиството на Вања Ѓорчевска.

- Денеска судот донесе законита одлука, меѓутоа оваа одлука е по своја суштина празна затоа што не ги добивме одговорите на клучните прашања, зошто е киднапирано и убиено ова дете, зошто по секоја цена се инсистираше Александар да биде дел од оваа постапка, иако од првиот момент се знаеше дека за него нема ниту еден доказ - изјави Туфегџиќ по објавата на пресудата.

Тој посочи дека јавноста има право да знае дали вмешувањето на Ѓорчевски било обид за дефокусирање од она што требали да биде предмет на истрагата, односно зошто институциите и одговорните лица не спречиле ниту предвиделе сериозен криминален план за киднапирање на луѓе кој обвинетите го правеле уште од 2022 година, согласно изјавата на обвинетиот Велибор Манев.

- Мислам дека е ред и Јавното обвинителство и началникот за сериозен криминал Дејан Димовски, и Музафер Кариќиќ, и сите лица кои учествуваа во истрагата против Александар да дадат одговор. Вклучително и Службата за државна безбедност – зошто овие лица не беа детектирани навреме? Ова се прашања на кои јавноста заслужува одговор, за да бидеме сигурни дека утре вакво нешто нема да му се случи на некој друг родител кој, не дај боже, ќе изгуби дете и ќе заврши во притвор - потенцира адвокатот.

Туфегџиќ истакна дека неговиот клиент во моментов не размислува за поднесување кривични пријави, но додаде дека останува простор за правна анализа на целата постапка. 

Тој го опиша Јавното обвинителство како „потполно конфузно“, особено по денешниот предлог за куќен притвор по ослободителната пресуда за Ѓорчевски, нешто што, како што рече, законот не го дозволува.

Доживотна казна затвор им беше изречена денеска на обвинетите Љупчо Палевски, Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, кој се товареше дека давал информации за движењето на неговата ќерка, е ослободен од обвинение.

Судот одлучи мерката притвор спрема обвинетите осудени за доживотен затвор  да се продолжи до правосилноста на пресудата, додека, по однос на Ѓорчевски се укинува мерката куќен притвор бидејќи е ослободен од обвинение.

Во обвинението за двојното убиство стои дека обвинетите заедно испланирале грабнување на 14-годишната Вања со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде пари за откуп. Грабнувањето на оштетениот Панче Жежовски во Велес, пак, според обвинението, било со намера да го присилат да им го даде неговото возило „ситроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје.

Малолетната Вања и велешанецот Панче беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, а на 3 декември 2023 година беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес.

Можеби ќе ве интересира

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица

Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица

Бојан Маричиќ се пријавил за претседател на ДИК

Бојан Маричиќ се пријавил за претседател на ДИК

Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП

Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП

АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила

АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила

„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата

„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата

ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти

ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти