СУДОТ ГИ ПРОГЛАСИ ЗА ВИНОВНИ ПАЛЕВСКИ, МАНЕВ, ВИДЕВСКИ И КЕШИШЕВ - изречена пресудата за убиството на Вања и Панче
Објавено во: Македонија 25 Јуни, 2025 10:34
Судечкиот совет при Основен кривичен суд Скопје ги прогласи за виновни обвинетите Љупчо Палевски, Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.
Сите четворица добија доживотен затвор.
- Судот на обвинетите Велибор Манев, Боре Видевски, Влатко Кешишев и Љупчо Палевски за кривичното дело грабнување им утврдува казна затвор од по 10 години, а за кривичните дела убиства на секој од обвинетите поединечно им утврдува казна затвор доживотен затвор, со што им се утврдува единствена казна доживотен затвор - образложи судијата Ивица Стефановски при денешната објава на пресудата во Основен кривичен суд Скопје.
Александар Ѓорчевски, пак, се ослободува бидејќи Јавното обвинителство не докажало надвор од разумно сомневање дека го сторил делото.
Обивнителите побараа осудените четворица да останат во притвор до почеток на пресудата, додека за Ѓорчевски да се прекине притоворот.
Судот одлучи мерката притвор спрема обвинетите осудени за доживотен затвор да се продолжи до правосилноста на пресудата, додека, по однос на обвинетиот Александар Ѓорчевски се укинува мерката куќен притвор бидејќи е ослободен од обвинение.
Во обвинението стои дека обвинетите заедно испланирале грабнување на 14-годишната Вања со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде пари за откуп. Грабнувањето на оштетениот Панче Жежовски во Велес, пак, според обвинението, било со намера да го присилат да им го даде неговото возило „ситроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје.
Обвинетите на почетокот од процесот кој траеше нецела година изјавија дека не се чувствуваат виновни.
Во завршните зборови, одбраната на обвинетите побараа ослободителна пресуда, додека, Основното јавно обвинителство побара максимална казна доживотен затвор за Палевски, Кешишев, Видевски и Манев, а за таткото на Вања побара судот да му ја одреди соодветната затворска казна.
Малолетната Вања и велешанецот Панче беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, а на 3 декември 2023 година беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес.
Изрекувањето на пресудата се уште е во тек, а деталите може да ги слушнете на следниов линк.
Можеби ќе ве интересира
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица
Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП




