16 Декември, 2025
0.0607

НЕ МОЖЕВ ДА КАЖАМ НА ГЛАС, ТУКУ И НАПИШАВ ПИСМО НА МАЈКА МИ - Васил Гарванлиев ќе ја отвори втората парада на гордоста

Објавено во: Македонија 24 Јуни, 2021 11:08

Добивај вести на Viber

Македонскиот претставник на годинашнава Евровизија, Васил Гарванлиев, ќе ја отвори втората „Парада на гордоста“ што ќе се одржи на 26 јуни во Скопје.

Според организаторот, настанот ќе започне со собирање на учесниците во паркот „Жена Борец“ од 10 до 12 часот, а движењето ќе биде покрај Влада, сѐ до Школка во Градскиот парк.

Организатор на парадата е Националната мрежа против хомофобија и трансфобија.

„Се вратив во Македонија пред три години затоа што верувам во нашиот талент, во нашите корени. Во 2019 се одлучи претставникот на Евровизија секоја година ќе ја отвора Парадата на гордоста. Требаше лани, но светот како што знаеме лани застана. Се чувствувам безбеден, но има мала резерва кај мене од март кога настана целиот скандал после спотот. Почнав да се будам со илјадници пораки, но признавам дека до ден денес тој сајбер булинг не е престанат“, изјави во Утрински брифинг Гарванлиев.

„Како уметници мора да сме неутрални во секоја сфера. Ја имаме таа одговорност да бидеме глас за сите оние кои немаат глас. Од тоа не се плашам, ме бодри и ми дава надеж. Ако успеам да направам чекор кој на младите генерации да живеат слободно без да се плашат да направат чекор и да бидат тоа што се, тогаш јас сум среќен. Годинава слоганот на Парадата е „Вон ѕидовите“, вели Гарванлиев.

„Битно е да знаеш дека си сакан без разлика на тоа што си. Јас го направив тој чекор, не можев да го кажам на глас, напишав писмо на мајка ми, но таа веќе знаеше, така што сум благодарен што пораснав со толку многу љубов“, вели Гарванлиев.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ избра нови потпретседатели

СДСМ избра нови потпретседатели

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

СДСМ претстави антикорупциска платформа „МИЦКО“

СДСМ претстави антикорупциска платформа „МИЦКО“