18 Мај, 2024
0.0315

Не ни треба дарежлив премиер, ни треба динамичен развој

Објавено во: Економија, Колумни 31 Август, 2015

Добивај вести на Viber

Со невидена леснотија, во името на народот, го деформира и докрајчи пазарниот систем, а се‘ поголемата улога и моќ на државата ја ставија во функција на остварување на личните интереси и на групите блиски до себе. Во таа насока веќе подолг период немилосрдно  се користат буџетските средства прибрани од даночните обврзници и  позајмените средства од земјата и странство. А тие се во постојан пораст и тоа со динамика побрза од порастот на БДП, со што се загрозува развојниот потенцијал и способноста за  сервисирање на долговите. Не дека парите не се за да се трошат, но начинот на кој тоа се прави ја деформира  неопходната улога на државата во регулирањето на економијата што пак се рефлектира и во потиснувањето на пазарните законитости. Последните прошетки на премиерот низ земјата на мошне илустративен начин  покажаа како слободната иницијатива и претприемничкиот дух во земјата се задушени. Тие не се ни чувствуваат  на економската и општествената сцена. Слободната иницијата на вработените и граѓаните никаде ја нема, додека во исто време доминира неприкосновената улога на водачот. Бизнисмените молчат, општинските челници исто така. Некаква активност на овие структури може да се забележи единствено кога се кадросуваат насмеани позади премиерот при изјавите кој ги дава за достигнувањата или придобивките што ги нуди за нивната општина. И додека сите само се сликаат, премиерот   дели и прераспределува средства од буџетот за „неветени“ проекти, тој носи инвестиции од странство, тој наоѓа начини за вработување, вклучувајќи дури и субвенционирање на персоналниот данок и придонесите. Тој се грижи и за инфраструктурата и супраструктурата во општините. Гради школи, болници, судентски домови и станови за млади брачни парови и сиромашни граѓани. На лице место донесува одлуки со кои конкретно решава проблеми на граѓани и населени места, од подобрување на ТВ приемот до наплата на ненаплатена  радиодифузната такса. Лично тој од местото на настанот може да  ја забрза  постапка за издавање на патни исправи на граѓаните.  Од толку многу што дава и нуди , почна да го крши и законот за пензиско осигурување во делот на одредбите за усогласување на пензиите со порастот на трошоците за живот. Заборави дека сакајќи да даде на што поголем број граѓани почна да зима од оние на кој законот тоа право им го дава. Оттука, впечатокот дека со хиперактивноста на премиерот  радикално ќе се подобрат состојбите во земјата е неоснован. Моќта на поединецот на државно ниво не е во тоа тој да решава конкретни проблеми во одделни средини за кои има други надлежни органи, туку да создаде регулатива со која вработените во сите средини ќе бидат мотивирани и обврзани стручно и компетентно да ги вршат задачите за кои надлежни. Секаде има проблеми, а премиерот не може да стаса насекаде и за секој проблем веднаш да наоѓа решение. Таквиот пристап во основа е  волунтаристички и импровизирачки, се разбира, доколку зад тоа не стојат пропагандистички предизборни цели, за да се покаже „интерес и грижа“ за граѓаните во одделни средини. Премиерот не може со прилив на странски капитал успешно да ги супституира немотивираните домашни бизнисмени, ниту неефикасното работење на локалните самоуправи, нити незаинтересираноста на државната администрација, колку и да тие „задоволни“ би се смешкале во позадината на  кадарот. Ај што на општинарите, бизнисмените и граѓанството „му ја свиткаа главата“, ама зачудува фактот што власта се‘уште не гледа дека нема одржлив развој без поттикнување на домашниот бизнис. Нема ниту подобрување на ефикасноста на државната администрација ако во своето работење е фокусирана на безпоговорна послушност на партијата на власт.  Не може да се очекува ниту пресврт во јакнењето на правната држава ако  стручноста во правосудните органи се сведува на послушност на кадрите спрема носителите на извршната власт. Чисто замајување на јавноста е конкретното  ангажирање на премиерот во решавањето на конкретни прашања на граѓаните и на помалите населени места. Колку и да се моќни Владата и премиерот нема да можат да одговорат  и да ги задоволат барањата на граѓаните во бројните населени места  и  на различните слоеви од населението. Не треба докажување дека ефикасноста би била многу поголема  ако тој обезбеди поголема финансиска самостојност на општините во решавањето на нивните инфраструктурни  и супраструктурни  капацитети. Ваквата практика, иако очигледно е со намера да се покаже дека се сака да им се учини на што поголем број на граѓани, ригорозно укажува на ниското ниво на пазарни и демократски односи, како и на големиот расчекор меѓу формално-правните определби во уставот и законите и стварните текови во земјата. Волјата на премиерот едноставно ги супституира и пазарните  и демократските односи. И не е случајно што проблемите на севкупниот развој се кумулираат и се закануваат со опасност од економски и политички колапс. Катастрофално е што премиерот во голема мера се однесува како успешен градоначалник на Македонија, а притоа ги доведува во прашање основите за оржлив развој на државата Македонија. Добро го работи тоа што не му е работа,  а го нема  во креирањето на правната држава како основа за стабилен и подинамичен развој на земјата. А, на Македонија не е и треба дарежлив премиер, туку динамичен развој кој ќе обезбеди пристојно место за живот и за оној кој го „сака“ и за оној кој „не го сака“ премиерот, па кој и да бил тој. Д-р Крсте Шајноски

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа