Добивај вести на Viber
Пратениците не го поддржаа предлогот поднесен од група опозиционери со кој се предвидува поврат на ДДВ за сите граѓани. Со опозицискиот предлог се предвидуваше секој граѓанин да добива 15 отсто повраток на данокот на додадена вредност за прометот извршен во земјата за добра и услуги.
Според пратеникот на СДСМ Марјанчо Николов, со оваа мерка ќе се намали сивата економија за 10 проценти.
„Кога ја промовираше Социјалдемократскиот сојуз оваа мерка голем број на правници од Владата излегоа во медиумите и им објаснуваа на граѓаните на Република Македонија дека оваа мерка не може да се спроведе, дека би значело дупка во буџетот, дека граѓаните не би можеле, би значело многу администрација во спроведувањето на мерката, за да набрзо потоа, замислете, владата организира наградна игра „Фискална во рака, награда без мака“, додаде тој.
Поддршка од пратениците не доби ниту предлогот за измена на Законот за рурален развој по скратена постапка со кој на земјоделските производители требаше да им се обезбеди набавка на гориво кое е за 50% поевтино од пазарната цена.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.