НЕ ПОМИСЛУВАЈТЕ ДА БАРАТЕ РАБОТА ТАМУ: Ова се земји со најлоши услови за странски работници
Објавено во: Финансии 11 Март, 2017 19:36
Работата во странство често е доходовна и Најпосакувана од многу специјалисти. Но освен плаќањето многу други фактори го одредуваат изборот на земја, каде што човек може да живее и работи.
InterNations, најголемата во светот мрежа за луѓе кои живеат и работат надвор од својата земја, направи истражување меѓу 14 300 странски специјалисти од 174 националности кои живеат во 191 земји во светот. Тие ги оцениле земјите во кои работат, според 43 различни аспекти на скала од 1 до 7.
Индексот ги зема предвид индикаторите како можности за трошење на слободното време, лична среќа, патување и транспорт, здравство и благосостојба, безбедност и сигурност.
Еве ги 19-те земји, каде што условите за живот на странците се најмногу неприфатливи:
19. Кина
И покрај зголемениот економски просперитет, Кина е место каде што западните државјани тешко се навикнуваат заради сосема различната култура и јазик. Земјата се рангира лошо во областите на здравството и благосостојбата, на 64-то место од 67 земји.
18. Филипини
Владеена од контроверзниот претседател Родриго Дутерте, земјата не обезбедува добри можности за патување и транспорт на странските експерти. Слаби се и резултатите за здравство и благосостојба.
17. Уганда
Главниот град на Уганда е место со широка дијаспора на странци, но земјата како целина не обезбедува добри можности за странците.
16. ЈАР
Насекаде тука се зборува англиски, па за странците не е тешко да се прилагодат на локалните. Но сепак тука тие не се чувствуваат безбедно, а земјата е на 65-то место од 67 земји во безбедност.
15. Украина
Речиси во сите категории земјата се рангира назад.
14. Ирска
Ова е можеби најразвиена држава, која се најде во рангирањето и единствената од Западна Европа.
13. Катар
Емиратите имаат повеќе ултра богати локални жители, но поделбата според богатството во земјата е доста забележително. Странските работници се жалат на недостаток на можности за забава - земјата е на 64-то место од 67.
12. Перу
Перу е втората најлоша земја за странци во Јужна Америка, главно поради несигурноста. Според овој показател земјата е на 59-то место од 67.
11. Казахстан
Земјата се рангира слабо по можности за забава и слободно време, како и показателите здравство и благосостојба.
10. Индонезија
Една од најпознатите населени земји во светот, Индонезија е со лоши транспортни врски, според странците. Рангирана на 60-то место по тој показател од 67 земји.
9. Кенија
Иако е рај за британски работници, земјата е на пониска позиција по квалитет на живот поради слабото ниво на безбедност. Само три земји се претставуваат лошо.
8. Индија
Со население од над 1 милијарда, од кои повеќето живеат во крајна сиромаштија, но и со брзо растечка економија, земјата е сериозен играч на меѓународната сцена. Сепак странските работници не оценуваат висок квалитет на живот тука, како и повеќето лоши можности за забава и лошото здравство.
7. Танзанија
Земјата е на 65-то место од 67 по квалитет на здравството, благосостојба и патување и транспорт.
6. Бразил
Земјата е на последно место во индексот за безбедност. Киднапирањата и вооружените напади се широко распространети во големите градови.
5. Саудиска Арабија
Со значајна нафтена индустрија, Саудиска Арабија привлекува доста странски работници. Многу од нив сепак го истакнуваат недостатокот на можности за забава и оценуваат среќата на ниско ниво. Во овие индикатори земјата е 66-та од 67.
4. Египет
Земјата е на 60-то место по 4 од основните критериуми, а по можности за забава е на 48-то место.
3. Кувајт
Кувајт може да е една од најпросперитетните нации, но тоа не пренесува во добар квалитет на живот за странските специјалисти тука. Земјата се рангира на последно место по можности за забава и лична среќа на испитаниците.
2. Мозамбик
Мозамбик се рангира на 66-тото место според критериумите патување и транспорт и здравство и благосостојба, и 63-а по безбедност и сигурност.
1. Нигерија
Со неконтролираниот тероризам, економија која стагнира и мизерна инфраструктура, Нигерија е земја со најлош квалитет на живот за странски работници. Од сите земји таа е на последно место на табелата по патување и здравството, и на претпоследното (66-то) за безбедност .
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката





