„НЕ ПОСТОЈАТ БРАНИТЕЛИ ОД АЛБАНСКИОТ БЛОК, ТОА СЕ НАПАЃАЧИ КОИ СО НИШТО ПРЕДИЗВИКАА ВОЈНА“: Ангелов вели нема да ме убедите дека биле во право
Објавено во: Македонија 10 Декември, 2024
Директорот на ЦУК и поранешен бранител и учесник во конфликтот од 2001 година, Стојанче АНгелов, во тв гостување го кажа својот став за УЧК кои денес се нареккуваат бранители од албанскиот блок.
„Не постојат бранители од албанскиот блок, морам да ве корегирам, тоа се напаѓачи коишто со ништо предизвикаа војна. Во меѓународното рпаво дозволено е кревање оружје ако условите за живот се неподносливи.... за човекови права убиваа македонски полицајци, се бореа за територија овде никогаш нема да ме убедите дека тие биле во право. Предизвикаа страшно разурнување жртви кои што не можат да се надоместат, не вратија назад 30 години, рече Ангелов.
Неговата изјава може да ја погледнете тука.