НЕ САКААТ 100 ЗГРАДИ И БАРААТ НОВ ДУП СО ПАРКОВИ И ЗЕЛЕНИЛО - Расадник се крена на нозе
Објавено во: Македонија 30 Јуни, 2021
Во населбата Расадник денеска се одржа протест о кој граѓаните побараа да сопре таканаречената бетонизација.
Фотографии од настанот објави фејсбук страницата За Расадник за можности, за хуман живот во Кислела Вода.
Протестот се одржа под мотото „Стоп за бетонизацијата на Расадник и Кисела Вода“, и со него жителите на скопската населба Расадник побараа да престане бетонизацијата на населбата и да се почитуваат уставните норми и закони за здрава животна средина.
„Бараме нов ДУП кој ќе биде донесен на меѓународен конкурс, а граѓаните да избираат меѓу трите најдобри решенија на референдум. Бараме ДУП кој ќе овозможи цивилизиран и културен развој и живот за идните генерации. Бараме парк, зеленило, спортски и забавни содржини, велосипедски патеки, градинки и училишта и се друго што ќе придонесе за унапредување на животот во кисела Вода“, велат од Иницијативата „За Расадник на можности за хуман живот во Кисела Вода“.
А, на овој настан се појавија и сопствениците на земјиштето на парцелите кај Расадник, кои рекоа дека претходно се било усогласено и затоа нема никакви пречки да бидат изградени околу стотина згради.
фото: Фејсбук страна За Расадник за можности, за хуман живот во Кисела Вода