Не се појави обвинетиот Фејзи Азири, откажано рочиштето за петкратното убиство кај Смилковско Езеро

Објавено во: Македонија 17 Април, 2018
Обвинителите од СЈО, Фатиме Фетаи, Ленче Ристоска и Гаврил Бубевски ќе се обидат да ја решат мистеријата за петкратното убиство во 2012 година што се случи кај Смилковското Езеро. Денеска во Кривичниот суд се одржува првото рочиште откако предметот го презеде СЈО.
Сепак, денешното рочиште ќе се одложи бидејќи во судницата не се појави обвинетиот Фејзи Азири, кој според неговиот адвокат вчера бил хоспитализиран, пишува Фокус.
Обвинителката Феати истакна дека Специјалното обвинителство е спремно и дека денеска очекувале да почнат. Таа реагираше на отуството на обвинетиот Азири бидејќи само со едно писмо, без медицинска документација за неговата дијагноза, адвокатот Насер Рауфи се обиде да го оправда неговото неприсуство.
Судијата Огнен Ставрев реагираше дека за отсуството на обвинетиот требало да добијат известување од Штипскиот затвор, каде Азири издржува затворска казна. Наредното рочиште за „Монструм“ е закажано за 15 мај.
Можеби ќе ве интересира
СДСМ: Владата конечно ја враќа економијата на вистинска патека

Констатирана ниска култура и толеранција на социјалните мрежи во Македонија

Владата на Република Македонија со сите свои капацитети е во целосна функција и во служба за граѓаните

ЏАФЕРИ НЕРВОЗНО ДО ЗАЕВ: Преземете мерки за однесувањето на министрите, последен пат кажувам

Грабар-Китаровиќ по средбата со Иванов: Ќе сториме што и да е потребно за до јуни Македонија да добие датум за преговори

ПОГОЛЕМА СВЕСТ: Амбасадори решија да го зачистат кејот на Вардар

ЈП Водовод и канализација: Прекинато водоснабдување на неколку места во Аеродром

(ФОТО) Граѓани протестираат за жртвите од Смилковското езеро
