НЕ СЕ САМО БЕБИЊАТА И ДЕЦАТА НА УДАР, И ЗА ВОЗРАСНИТЕ ЗАРАЗНИТЕ ИНФЕКЦИИ МОЖЕ ДА БИДАТ ФАТАЛНИ: Без компликации поминуваат само вакцинираните
Објавено во: Македонија 01 Февруари, 2024 07:31
Последниве денови
загриженоста во регионот е сè поголема поради зголемениот број на случаи
со заразното заболување пертусис или голема кашлица, додека пак Европа алармира
на голем број смртни случаи поради инфекции со хуман папилома вирусот и вирусот
на хепатитис. Заедничко на ваквата состојба е нискиот опфат на вакцинација. Во
Србија медиумите јавуваат за четири смртни случаи од пертусис, станува збор за
бебиња на 2 – 3 месеци, а податоците на Европската Комисија покажуваат дека
годишно умираат и до 14.000 луѓе како последица од рак на грлото на матката,
чиј главен причинител е токму ХПВ.
Процентот на вакцинираните не е задоволителен. Конкретно, во однос на големата кашлица, во Србија се вакцинирани под 95%, ние имаме и помал процент, а тоа значи дека го изгубивме колективниот имунитет. Што се однесува пак до вакцинацијата против ХПВ, опфатот е помал од 50 проценти.
Според лекарите за ваквата состојба придонесоа агресивните кампањи на антиваксери, кои со години се борат и ги збунуваат родителите да не ги вакцинираат своите деца. Она што лекарите го истакнуваат е дека кога се губи колетивниот имунитет, загрозени се и повозрасните, па големата кашлица и кај нив предизвикува тешка клиничка слика. Симптоми на кои треба да се обрне внимание се честа кашлица и треска, а според експертите инфекцијата трае околу еден месец. Кај поголемите деца, тинејџерите и возрасните, во тешки случаи на болеста како компликација може да се појават фрактури на ребрата, неконтролирано мокрење, слабеење, па дури и смрт. Компликациите се ретки и помалку сериозни кај оние кои се редовно вакцинирани.
Прим. д-р Маја Панајотовиќ Радевска во изјава за Фактор вели дека она на што сега треба да се работи е градење позитивен став кон имунизацијата, наспроти антиваксерските кампањи.
-Прво мора да се изгради позитивен став за прифаќање на вакцинацијата. Информирање за вакцините - делување, заштита, секако и можни нуспојави, уверување во заштитната функција на вакцинацијата и од големо значење е соработка со доктор специјалист по медицина на труд. Во однос на пертусисот, од особено значење е вакцината да се администрира во првата година од животот. Во календарот за имунизација е се одлично регулирано според стандардите на Светската здрдавствена организација. За жал, има премногу негативни информации и погрешни информации што ги плашат луѓето, и сега сме доведени во ситуација да стравуваме од епидемии кои биле актуелни пред повеќе од половина век, нагласува д-р Панајотовиќ Радевска.
Во периодот од јули до ноември 2023 година се бележи зголемен број на случаи на пертусис во цела Европа во однос на истиот период минатата година. Во Хрватска после 40 години во 2023 година е забележан рекорден број на заболени. А, освен во Србија, каде починаа четири бебиња, и во Босна и Херцеговина има и еден смртен случај на бебе на возраст до 2 месеци.
Анита Буховски
Можеби ќе ве интересира
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица




