НЕ СТИГНА ДО ВИЕНА ДА ЈА ДОЧЕКА НОВА ГОДИНА СО БЛИСКИТЕ: Преживеан од несреќата кај Лесковац раскажа како се спасил
Објавено во: Македонија 20 Декември, 2018 06:45
Eден од пациентите кој моментално е хоспитализиран во КЦ Ниш е и Ремзи Демиров (55) години кој вели дека преживеал само затоа што се разбудил неколку моменти пред несреќата.
Демиров беше меѓу патниците кои изминатиов викенд преживеаја страотна сообраќајна несреќа кога автобусот на Еуробус претекнувајќи возило се излизга и преврте при што загинаа 3 лица.
-Спиев некое време и кога автобусот почна да лизга по пат сфатив дека ќе слетаме, па цврсто се фатив за рачката од седиштето, момент после тоа почувствуваме удар и луѓето почнаа да паѓаат и да врескаат-прераскажува Демиров за српски курир и вели оти се сеќава дека раката му била заглавена под седиштето, па спасувачите меѓу последните го извлекле од искршениот автобус.
Како што вели, стравичната несреќа нема да ја заборави додека е жив.
-Во Виена тргнав да ја посетам фамилијата за Нова година. Им порачувам дека сум добро, бидејќи овде добро се грижат за мене - кажал Прилепчанецот.
Полицијата по несреќата му одреди притвор до 48 часа на возачот на автобусот , бидејќи вештаците заклучија дека возел од брзина од 98 километри на час, што е голема брзина за условите на патот кои биле таа ноќ.
FOTO: MARKO SMILJKOVIĆ
Можеби ќе ве интересира
Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план
МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците
Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет
Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето
Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?
Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски




