05 Декември, 2025
0.0621

Нефункционалните кредити горчлив проблем за банкарскиот сектор

Објавено во: Финансии 01 Април, 2014 09:34

Добивај вести на Viber

Поуспешната наплатата на нефункционалните кредити ќе се постигне со  засилен мониторинг, анализа, посветеност и следење на пласманите  врз основа на прецизно дефинирани процедури, како и пласирање на средства во добри бизнис планови, поткрепени со стабилна финансиска конструкција и финансиски одржлива инвестициона програма преку кои стопанството би доживело економска стабилизација. пишува Димитар Ѓоршевски, Стопанска Банка Битола Живееме во време финансиска криза, време на голема задолженост, време кога граѓаните и стопанството се во тешка положба. Периодот на економската криза која го зафати светот ни во најмала рака не го одминаа и нашето стопанство, како и банкарскиот сектор. Намалувањето на извозната побарувачка, влошувањто на очекувањата на економските субјекти и падот на капиталните приливи беа првичните канали на пренос на кризата.Граѓаните и фирмите се повеќе се задолжуваат со цел да ја избегнат бездната настанатата  од економска криза која се заканува по нивните  имоти. Економската криза преку движечката сила на економијата, стопанството,  премина и во рамките на банкарскиот сектор, пресликана во форма на нефункционални кредити и пренатрупаност од превземен имот . Бројките кои денес го отсликуваат банкарскиот сектор во делот на нефункционалните кредити преку направените испитувања покажуваат дека салдото на нефункционалните кредити во банките во Република Македонија се зголемило за 19 отсто или за 62 милиони евра, со што нефункционалните кредити изнесуваат 11 отсто од вкупното кредитно портфолио. Овој процентот од 11 отсто е сеуште толерантен во споредба со земјите од опкружувањето Србија и Хрватска со 20 отсто, Црна Гора со 18,5 отсто, Словенија со 13,2 отсто, Бугарија 23 отсто. Анализата на  банките покажува дека во стуктурата на нефункционални кредити поголемо учество имаат кредитите земени од  компаниите отколку оние од населението. Од друга страна, поради опаднатата финансиска кондиција за отплата на кредитите и компаниите покажуваат извесна претпазливост во однос на поднесување на барање(апликација) за кредити. Со цел подобрување на влошената состојба, Банките вршат постојана контрола на портфолиото на клиентите, следење и давање на насоки за решавање на проблемите при наплата на побарувањата кои произлегуваат од исплатени кредитни продукти и преку различните мерки и стратегии кои се спроведуваат и во тој поглед минимизација на процентот на кредитното портфолио во доцнење. Со цел решавање на горчливиот проблем, Народна банка на РМ превзема низа мерки за поуспешно работење, побрза и поуспешна наплата на нефункционалните кредити кое ќе резултира со зголемување на кредитниот потенцијал за инвестиранње во претпријатијата и поттикнување на личната потрошувачка на населението. Комуникација со клиентите, пролонгирање на роковите за исплата  на лоште пласмани е основната алатка за изнаоѓање на решение во реален временски интервал за нас како доверители . Поуспешната наплатата на нефункционалните кредити ќе се постигне со  засилен мониторинг, анализа, посветеност и следење на пласманите  врз основа на прецизно дефинирани процедури, како и пласирање на средства во добри бизнис планови, поткрепени со стабилна финансиска конструкција и финансиски одржлива инвестициона програма преку кои стопанството би доживело економска стабилизација. Во голем број од случаите, изостанува можноста за успешна наплата на лошите пласмани по пат на спогодба, рефинансирање и превземање на побарување. Во случаите на неможност за наплата  на побарувањето со претходно наведените инструменти, доверителите, односно банките  продолжуваат со постапка на активирање на обезбедувањето во процесот на наплата на долгот и истата резултира со превземање на имот за кои исто така се предвидени посебни услови за продажба согласно Одлуката за сметководствениот и регулаторниот третман на средствата преземени врз основа на ненаплатени побарувања на Народна банка на Република Македонија. За излез од ваквата состојба банкарите ги следат сигналите на Народната банка во обид да се заштитат од ризични пласмани со што најавуваат дека ќе бидат крајно внимателни во одобрувањето на кредити, следењето на истите, па се до нивна целосна наплата. Следење на мерките на НБРМ за излез од кризата, следење на нефункционални кредити, детално анализирање на секоја кредитна изложеност, зголемена продажба на превземениот имот е вистинскиот пат по кој што треба да се движиме, а Стопанска банка а.д. Битола  веќе одамна се наоѓа на тој пат.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката