Негативни реакции по понудата на Заев за помирување
Објавено во: Македонија 15 Октомври, 2018 13:27
Голем дел од јавноста првично не ја прифаќа понудата за помирување што ја упати Зоран Заев прочитана меѓу редови како имплицитна варијанта за амнестија за време на обраќањето на почетокот од пленарната седица за уставни измени во Собранието.
„Што е повредно, државата или бандата - треба да покаже Собраниската дебата и одлука за иднината на Македонија. Граѓаните кои сè уште не веруваат треба да се уверат дека не е во прашање ни Договорот со Грција, ниту членството во ЕУ и во НАТО, туку спасувањето на Груевски и неговите соработници од правдата“, напиша новинарот Ерол Ризаов на својот профил на Фејсбук/
„Со месеци обвинуваше дека опозицијата му бара амнестија за 27 април, удави со тоа на 432 прес конференции, а сега сам јавно си понуди.
Поточно си ги откри намерите. Дека е подготвен на пратениците вмровци да им понуди закон, ако му се приклонат и гласаат за уставни измени.За два дена и на Груевски ќе му понуди, како тргнал. Море на сите, само да нема избори“ гласи статусот на влијателната коментаторка на социјалните мрежи Јорданка Ивановска - Јоци.
„Заев со месеци ја обвинуваше ВМРО-ДПМНЕ дека бара амнестија за 27 април. А сега тој бесрамно го понуди тоа и... си ги разоткри намерите. Дека се' е подготвен да направи, да игнорира закони, судови, Уставот, само и само за да му поминат уставните измени и да ја напика Македонија во НАТО. Ако тоа не му успее, неговите шефови од САД ќе му мавнат два-три шамари и како неспособен - ќе му удрат клоца“, објави Здравко Савески од Левица.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината




