НЕКОГАШ АГЕНТ, ДЕНЕС БИЗНИСМЕН: Совети од милионерот и неговите ФБИ правила за успех
Објавено во: Финансии 10 Февруари, 2017 09:52
Џејсон Хог (Jason Hogg) својата компанија „Revolution Money“ која ја основал во гаража, пред седум години ја продал на American Express за 300 милиони долари. За неговиот успех е заслужна и дипломата од Корнел (Cornell) универзитетот на кој денеска предaва, но пред се му помогнало, како тврди тој, она што го научил како ФБИ агент.
Помеѓу 1998 и 2000 Хог работел како таен агент за ФБИ во Њујорк. Обуката и искуството кое го стекнал му помогнале подоцна да стане успешен претпримач.Тој вели: „Првата работа која ве научат во ФБИ е да разговарате со луѓе од сите профили, од генерални директори, до улични криминалци. Се секој мора да оствариш конекција , не смееш да имаш предрасуди и да бидеш препотентен. Како претприемач исто така си принуден да комуницираш со секакви луѓе, инвеститори, работници, технолошки експерти, партнери, и на секој мора да му укажеш почит. Успехот на вашата компанија зависи од вашата способност да се поврзете и соработувате со различни групи на луѓе“.
Ова се четирите ФБИ совети до кои Хог се придржува и денес:
„Подобро да ми судат дванаесетмина отколку шестмина да ме носат во ковчег“
Подобро е да ве осудуваат, критикуваат, да ги коментираат вашите бизнис потези, што значи дека сте живи и дека работите, отколку да ве нема во бизнис светот. Кога работите, сигурно и донесувате одлуки кои не им се допаѓаат на многумина. Ако таквите одлуку и носат добро на вашата компанија, зарем е важно што ќе рече конкуренцијата или партнерите? „Како претприемач кој поминал низ ФБИ обука знаев дека секојдневно ќе морам да носам одлуки за кои можеби некој ќе ме осудува.“ Понекогаш морате да ризикувате кога се работи за живот и смрт на вашата компанија.
„Непречено и брзо“
Хог вели дека основање на компанија и излез на пазарот мора да се прави брзо и правилно но не избрзано.
„Работите во ФБИ никогаш не се завршуваат пребрзо. Неопходно е се да тече непречено, а со самото тоа и брзо и да биде успешно од прв обид. Во претприемништвото, како и во ФБИ акциите, не постои втора шанса. Новата компанија, без репутација, добива само една шанса да го земе својот дел од колачот, затоа погрижете се тоа да биде „непречено и брзо“.
„Бидете добри кон сите, но секогаш имајте план како да ги убиете“
Кога најдете партнери или инвеститори и кога соработувате со конкурент кој е поголем од вас, секогаш имајте план кој ќе го примените во случај да тргне по зло. „Ова посебно важи за мали фирми и нивни стратешки партнерства. Мора да знаете која ви е стратегијата за повлекување. Имајте позитивен став за соработка, но имајте на ум што ќе направите доколку ви ја украдат идејата, или ве истуркаат од бизнисот.
„Не мораш да викаш кога држиш пиштол“
Прибраноста е клучна кога бизнис планот го претставувате пред инвеститорите. Во овој случај пиштолот е ваша идеја, и кога имате идеја не мора да викате за да ве слушнат.
„Во бизнисот, идејата е ваше оружје. Доколку таа на луѓето не им се допадне, доколку ве критикуваат или напаѓаат, останете прибрани. Тоа е вештина на која системски би требало да работите.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката





