19 Декември, 2025
0.0479

НЕКОИ ДРЖАВИ ЈА ЗАБРАНИЈА ШЕЌЕРНАТА ВОЛНА: Зошто треба да ја избегнуваме?

Објавено во: Македонија 27 Февруари, 2024 07:34

Добивај вести на Viber

Во некои држави во светот ја забранија шеќерната волна со објаснување дека е ризик фактор кој може да предизвика канцер. Последен таков пример имаше во Индија.

Нагласено беше дека таа содржи вештачка боја која негативно влијае на сите органи. Нутриционистот Фани Гулевска вели дека децата, но и општо луѓето треба да ја избегнуваат шеќерната волна затоа што има повеќе негативни ефекти по здравјето.

„Секако дека е штетна и прекумерното внесување на шеќери влијае на дебелината, на крвниот притисок, висок холестерол, појава на дијабетес и други болести. Едноставно го токсицира организмот. И ако некој производ содржи вештачки бои, не треба да го внесуваме, затоа што тоа што е вештачко е штетно за нашиот организам, тешко е да биде детектирано и процесуирано во телото“, вели Гулевска.

Досега многупати во земјава имало укажувања дека луѓето се хранат нездраво. Лилија Чолакова-Дервишова, претседателка на Здружението на приватни лекари  вели дека е потребна промена на животниот стил. Според неа, денес луѓето внесуваат многу повеќе шеќери од потребното и тоа носи ризици.

„Во минатото немало толку избор, но денес имаме цели рафтови со кондиторски производи и луѓето ги купуваат, консумираат. Така внесуваат шеќери повеќе од што организмот може да преработи. Во минатото луѓето станувале рано наутро, оделе на нива, во бавча, работеле, трошеле енергија, биле физички активни, а денес луѓето се на социјални мрежи и се претежно неактивни“, објаснува Чолакова Дервишова.

Некои индиски држави месецов ја забранија шеќерната волна. Јужната држава Тамил Наду ја воведе забраната откако лабораториските тестови потврдија присуство на супстанца што предизвикува рак, Родамин-Б, во примероците испратени на тестирање.  Претходно овој месец, федералната територија Пудучери ги забрани овие слатки, а другите држави почнаа да тестираат примероци од нив. Шеќерната волна е популарна меѓу децата ширум светот, а тие ги сакаат поради нивната блескава текстура што се топи во устата. Но, некои индиски официјални лица велат дека овие слатки се полоши отколку што изгледа, пишува Би-Би-Си.  Лабораториските тестови во примероците открија присуство на хемиското соединение Родамин-Б. Хемикалијата дава флуоресцентна розова нијанса и се користи за боење текстил и козметика. Истражувањата покажаа дека оваа хемикалија може да го зголеми ризикот од канцер, а Европа и Калифорнија ја забранија употребата како боја за храна.

Сања Атанасовска

foto freepik.com/anna_grant

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот