27 Декември, 2024
0.0541

НЕКОИ ЗЕМЈИ ЈА СПУШТААТ РАМПАТА: Може ли светот без руската литература?

Објавено во: Свет 02 Ноември, 2022

Добивај вести на Viber

Украина ги забрани руските книги. Државниот Универзитетот во Милано – Биока забранил неколку предавања за рускиот великан Фјодор Михајлович Достоевски поради руската инвазија на Украина.  Полскиот премиер Матеуш Моравјецки смета дека не треба да се фрлаат руските книги, но повика Полјаците наместо рускиот Александар Пушкин, да го читаат украинскиот поет Тарас Шевченко. Кувајтските власти пред неколку години забранија книгите од Достоевски да бидат изложени на Меѓународниот саем за книги, заедно со уште околу илјада наслови, поради тоа што содржината го доведува во прашање моралот. Најновите забрани го вознемирија и рускиот претседател Владимир Путин, кој смета дека Западот сака да ја сузбие руската култура.

Побаравме став од повеќе странски Пен центри дали руската литература треба да биде на удар поради војната во Украина или едноставно политиката и уметноста не треба да се мешаат.

„За нас, руската литература не е одговорна за војната. Луѓе кои одбиваат да читаат руска литература не ѝ служат на културата и им недостасува вистинското чувство за борба за мир“, вели Антуан Спир, претседател на францускиот Пен центар.

Од данскиот Пен центар објаснуваат дека овие центри се основани со цел да шират контакти, а не да делуваат спротивно од тоа или да ги следат политиките на државите. Тие ја разбираат фрустрацијата и гневот поради рускиот напад на Украина, но се против колективни казни.

„Не ја исклучуваме можноста да има случаи каде интеракцијата може да престане, барем привремено. Сепак, ова мора да се направи по внимателно разгледување и со валидни аргументи. ПЕН центрите не се обврзани да ги следат официјалните политики на земјите и државите на кои им припаѓаат. По рускиот напад на Украина, интересот за руската, но и за украинската историја, култура и литература всушност се зголеми во Данска, а сведоци сме на многу презентации на овие теми, како и многу нови преводи  на дански од овие јазици. Колективното исклучување на јазик и/или нација може да влијае на неколкумина кои го заслужуваат тоа, но сигурно ќе влијае на многумина кои не го заслужуваат тоа и кои се лишени од можноста за витални контакти со светот. Членовите на ПЕН треба да ги поддржат руските писатели и уметници кои се борат за слобода на говорот и против говорот на омраза, без разлика дали живеат во Русија или се во егзил“, додаваат од данскиот Пен центар.

Наида Мујкиќ, босанска поетеса и членка на Пен центарот во БиХ, смета дека она што е забрането повеќе буди интерес кај народот, односно руската литература можеби на крајот и нема да трпи штета. Таа бидејќи лично преживеала војна, сочувствува со народот во Украина, пишувала песна на оваа тема и ја објавила во антологија од чија продажба парите ќе одат за помош на украинскиот народ.  Мујкиќ вели дека забраните би имале смисла само ако директно помогнат на засегната страна во војната.

„Како исфрлањето на Толстој од наставната програма ќе помогне на народот во Украина? Сметам дека е тоа еден вид зацврстување или апстрактна одмазда. Разбирам дека луѓето ширум светот се огорчени од политиката на Русија, но не мислат сите Руси како нивните политички претставници. Тоа ми е тешко да го замислам. Книжевноста може да се користи како политичко средство за различни идеолошки цели, и таму каде се забранети руските автори тоа добро го знаат. Пред почетокот на војната добив повик од еден руски писател да учествувам во неговиот проект, поетска антологија на тема пријателство, но до каде стигна со тоа, не знам “, вели Мујкиќ.

Таа додава дека меѓу руските писатели има многу врвни таленти, но тие се немоќни и денес за жал луѓето не можат да се борат со пенкало. За оние кои ја забрануваат руската книжевност, вели дека сакаат да се чувствуваат дека презеле дел од одговорноста.

„Сметам дека оние кои ја забрануваат руската книжевност, тоа го прават за да се чувствуваат подобро и да ја симнат одговорноста од себе, и го покажаа својот став“, објаснува босанската поетеса. 

Украина веќе најави дека ќе уништи 100 милиони книги на руски јазик. 

Сања Атанасовска

foto Wikipedia/Vasily Perov

Можеби ќе ве интересира

ИЛОН МАСК ПИЕ ОЗЕМПИК: Се пофали колку килограми ослабел

ИЛОН МАСК ПИЕ ОЗЕМПИК: Се пофали колку килограми ослабел

„Азербејџан ерлајнс“ објави детали од прелиминарната истрага за падот на авионот и која била ПРИЧИНА ЗА КАТАСТРОФАТА

„Азербејџан ерлајнс“ објави детали од прелиминарната истрага за падот на авионот и која била ПРИЧИНА ЗА КАТАСТРОФАТА

Украина за прв пат зароби севернокорејски војник, кој потоа наводно починал

Украина за прв пат зароби севернокорејски војник, кој потоа наводно починал

ГАС ВО ЕВРОПА ПРЕКУ ПОЛСКА, ДОГОВОРОТ СО УКРАИНА ЗАВРШУВА НА 31.ДЕКЕМВРИ: „Киев ја казнува Европа“

ГАС ВО ЕВРОПА ПРЕКУ ПОЛСКА, ДОГОВОРОТ СО УКРАИНА ЗАВРШУВА НА 31.ДЕКЕМВРИ: „Киев ја казнува Европа“

ПУТИН: Moжеме повторно да ја употребиме Орешник, но не брзаме

ПУТИН: Moжеме повторно да ја употребиме Орешник, но не брзаме

ЕКСПЕРТИ ИЗЛЕГОА СО МИСЛЕЊЕ: Дали руска ракета го погодила азербејџанскиот авион?

ЕКСПЕРТИ ИЗЛЕГОА СО МИСЛЕЊЕ: Дали руска ракета го погодила азербејџанскиот авион?

ПОЈАС ГАЗА: Три бебиња починале за два дена

ПОЈАС ГАЗА: Три бебиња починале за два дена

„МОРЕТО МИ ЈА ОДНЕСЕ ЌЕРКАТА“ – ЦУНАМИТО ВО ИНДИСКИОТ ОКЕАН ОДЗЕДЕ 230.000 ЖИВОТИ: Преживеаните и семејствата ги посетија масовните гробници

„МОРЕТО МИ ЈА ОДНЕСЕ ЌЕРКАТА“ – ЦУНАМИТО ВО ИНДИСКИОТ ОКЕАН ОДЗЕДЕ 230.000 ЖИВОТИ: Преживеаните и семејствата ги посетија масовните гробници

„НЕ МОЖАМ ДА ИЗДРЖАМ“: Откриени последните зборови на пилотот од авионот на смртта

„НЕ МОЖАМ ДА ИЗДРЖАМ“: Откриени последните зборови на пилотот од авионот на смртта