28 Декември, 2024
0.0689

„Азербејџан ерлајнс“ објави детали од прелиминарната истрага за падот на авионот и која била ПРИЧИНА ЗА КАТАСТРОФАТА

Објавено во: Свет 27 Декември, 2024

Добивај вести на Viber

Азербејџан ерлајнс, превозникот на патничкиот авион што се урна во средата во Казахстан, соопшти дека прелиминарната истрага открила дека катастрофата се случила „како резултат на физичко и техничко надворешно мешање“.

Американски официјален претставник изјави за Си-Ен-Ен во четвртокот дека првичните индикации се дека руски противвоздушен систем можеби го соборил патничкиот авион.

Русија во петокот соопшти дека патничкиот авион бил пренасочен од првобитната дестинација во Грозни, Чеченија, поради украинските беспилотни летала во областа, како и поради маглата.

- Додека летот Ј2-8243 се обидуваше да слета во јужната руска република, украинските борбени беспилотни летала извршија терористички напади врз цивилната инфраструктура во градовите Грозни и Владикавказ - изјави Дмитриј Јадров, шеф на руската Федерална агенција за воздушен транспорт.

Пилотот на авионот двапати се обидел да слета во Грозни, изјави Јадров, но не успеал. Му беше понудено да слета на други аеродроми, продолжи рускиот функционер, но пилотот „одлучи да продолжи кон аеродромот Актау“ преку Каспиското Море во Казахстан, исто така, имаше густа магла во областа на аеродромот во Грозни.

Поради ова, рече Јадров, небото во таа област било затворено, што значело дека авионите во околината морале веднаш да го напуштат воздушниот простор.

Азербејџанскиот авион, кој летал од Баку за Грозни, се урна во средата наутро во близина на градот Актау во западен Казахстан, при што загинаа 38 лица од вкупно 67 членови на екипажот и патници во авионот.

Ројтерс и Еуроњуз објавија во четвртокот, повикувајќи се на извори, дека првите прелиминарни резултати од истрагата на Азербејџан покажале дека руската противвоздушна одбрана го соборила авионот во близина на Актау.

Можеби ќе ве интересира

БЕРАТ ГРОЗЈЕ ВО ФРАНЦИЈА: Работниците од Африка спијат во шатори или на улици

БЕРАТ ГРОЗЈЕ ВО ФРАНЦИЈА: Работниците од Африка спијат во шатори или на улици

ЛИЦА ОД ЦЕНТРАЛНА АЗИЈА: Планирале напад во Москва

ЛИЦА ОД ЦЕНТРАЛНА АЗИЈА: Планирале напад во Москва

ИЛОН МАСК ПИЕ ОЗЕМПИК: Се пофали колку килограми ослабел

ИЛОН МАСК ПИЕ ОЗЕМПИК: Се пофали колку килограми ослабел

Украина за прв пат зароби севернокорејски војник, кој потоа наводно починал

Украина за прв пат зароби севернокорејски војник, кој потоа наводно починал

ГАС ВО ЕВРОПА ПРЕКУ ПОЛСКА, ДОГОВОРОТ СО УКРАИНА ЗАВРШУВА НА 31.ДЕКЕМВРИ: „Киев ја казнува Европа“

ГАС ВО ЕВРОПА ПРЕКУ ПОЛСКА, ДОГОВОРОТ СО УКРАИНА ЗАВРШУВА НА 31.ДЕКЕМВРИ: „Киев ја казнува Европа“

ПУТИН: Moжеме повторно да ја употребиме Орешник, но не брзаме

ПУТИН: Moжеме повторно да ја употребиме Орешник, но не брзаме

ЕКСПЕРТИ ИЗЛЕГОА СО МИСЛЕЊЕ: Дали руска ракета го погодила азербејџанскиот авион?

ЕКСПЕРТИ ИЗЛЕГОА СО МИСЛЕЊЕ: Дали руска ракета го погодила азербејџанскиот авион?

ПОЈАС ГАЗА: Три бебиња починале за два дена

ПОЈАС ГАЗА: Три бебиња починале за два дена

„МОРЕТО МИ ЈА ОДНЕСЕ ЌЕРКАТА“ – ЦУНАМИТО ВО ИНДИСКИОТ ОКЕАН ОДЗЕДЕ 230.000 ЖИВОТИ: Преживеаните и семејствата ги посетија масовните гробници

„МОРЕТО МИ ЈА ОДНЕСЕ ЌЕРКАТА“ – ЦУНАМИТО ВО ИНДИСКИОТ ОКЕАН ОДЗЕДЕ 230.000 ЖИВОТИ: Преживеаните и семејствата ги посетија масовните гробници