19 Декември, 2025
0.0550

Неколку компании, меѓу кои и Адора Инженеринг, доделија апарат на Клиниката за онкологија

Објавено во: Мои пари 01 Април, 2014 23:20

Добивај вести на Viber

Првиот апарат-пиштол за кор биопсии, кој денеска и беше предаден на Клиниката за радиотерапија и онкологија во Државната болница во Скопје, е донација на неколку компании во Македонија, меѓу кои е Адора Инженеринг. Со хуманитарната донација, организирана од агенцијата Марили се надополни палетата на дијагностички постапки за рано детектирање на тумор на дојката, на лимфните жлезди достапни за пункција и на поткожните тумори. „Пиштолот за кор биопсии ќе го надмине досегашниот проблем во работата, кога со тенкоиглената биопсија не можеше да се земе доволно материјал и ќе овозможи да не се боцкаат пациентите повеќе пати, туку првото земање материјал ќе биде доволно да се постави дијагноза и да не се губи време, што е најважно за овој вид на болести. На овој начин се надминува проблемот на недостиг на овој вид медицински услуги во јавното здравство, за што обучивме и лекари во странство, екипиравме стручен тим, со што сега пацинетите нема потреба повеќе да одат за овој тип услуга во приватното здравство“, вели д-р Милан Ристески, директор на Клиниката за радиотерапија и онкологија, кој порачува дека без социјалната одговорност на дел од компаниите, многу домени на јавното здравство би биле беспомошни и уназадени. „Во годината на одбележување на полнолетството од 18 годишно постоење, Марили реализира хуманитарен проект со донација на апарат за биопсија и рана детекција на карцином на органите на жените на клиниката за радиотерапија и онкологија, со цел да помогнеме на време да се открие оваа тешка болест, да се излечат женитеи да спасиме човечки животи. Идејата за оваа донација беше одлично прифатена од компаниите, со што бизнис заедницата покажа чувство за општествена одговорност, што очекуваме во да резултира со набавка и уште поголеми и повредни донации за здравствените клиники во иднина“, вели Лидија Трипуноска, генерален менаџер на Агенција Марили. Преку овој позитивен пример, медициските експерти се надеваат дека апелот за помош ќе допре и до другите компании во Македонија кои со поголема доверба во реформите во здравството, ќе сфатат дека тие се прават за подобрување на лошите состојби во здравствениот сектор, за доброто на заедницата и пациентите, меѓу кои може да се најде секој од нас.

Можеби ќе ве интересира

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција