10 Мај, 2024
0.0301

Неколку нешта што ќе ги израдуваат вашите деца за Велигден

Објавено во: Мои пари 20 Април, 2016

Добивај вести на Viber

Сите имаме денови во кои сме потполно демотивирани и апатични, меланхолични или едноставно без трошка волја да направиме нешто убаво и позитивно за себе или за најблиските. Има и денови во коиедноставно се будиме ентузијастични и ведри, но неколку мали неповолности комплетно ќе нè вовлечат во тмурно расположение. За волја на вистината, и нашите деца имаат вакви денови, со исклучок на тоа што нивното нерасположение знае да биде производ на за нас се чини банални поводи. Секој родител сака неговото дете да биде весело и безгрижно, да доживее нешто несекојдневно и убаво, па еве неколку лесни начини како да ги израдувате вашите деца во овие претпразнични денови.

ОДНЕСЕТЕ ГИ ВО ПРИРОДА

IMG_4743

За децата е од суштинско значење да поминуваат време надвор, во природа, на лулашки на најблиското игралиште или каде било - надвор од дома. Децата што почесто играат надворпостигнуваат повисоки резултати на тестовите за концентрација и самодисциплина, имаат напредни моторички вештини,вклучувајќи координација, рамнотежа и агилност, но тие деца и поретко се разболуваат. Играњето надвор нуди повеќе различни начини на креативна игра, која поттикнува соработка меѓу децата, стимулира социјална интеракција и го елиминира силеџиството, поттикнувајќи позитивни меѓусебни чувства. Природата ги подобрува когнитивниот развој, размислувањето и набљудувањето и е вистински амортизер на влијанието на стресот врз децата.

ИНВОЛВИРАЈТЕ ГИ ВО ПРАЗНИЧНИТЕ ПОДГОТОВКИ

IMG_4798

Речиси и не постои дете што не се радува креирајќи нешто интересно, а особено нешто совелигденска тема како еден од најомилените празници на децата. Овозможете му на вашето дете креативно да сеизрази на Детските креативни работилници организирани во Скопје сити мол, заедно со „НВО Детски свет - Нов почеток“, каде што децата ќе бојадисуваат велигденски јајца и ќе изработуваат уникатни велигденски декорации, кои потоа ќе бидат изложени, а средствата од нивната продажба ќе се донираат за првиот кол-центар за помош на лица со попреченост во видот.

Детските креативни работилници за деца до 10 годиниќе се одвиваат секој викенд од 12:00 до 14:00 и од 18:00 до 20:00 часот во Скопје сити мол на вториот кат и се извонредна можност да се поттикнепотребата на децата да бидат креативни и да се стимулира нивното чувство за поддршка и помагање на заедницата.

ДОЗВОЛЕТЕ ИМ ДА МИЛУВААТ ЖИВОТНИ

IMG_4845

Традиционалната домашна фарма во Скопје сити мол секогаш е катче на радост и смеа за најмалите посетители, од каде што ќе понесат најубави спомени. Атмосферата ја красат инспиративни велигденски декорации и автентична домашна фарма со игриви зајчиња и коковчиња, езерце со патки, кои дечињата ќе имаат можност да ги хранат и да ги милуваат. Поминете пријатно семејно време заедно со вашите малечки на оваа домашна фарма и израдувајте ги со дружење со питоми и мили животни, од каде што ќе понесат позитивни и весели искуства и сеќавања.

ПОВИКАЈТЕ ИМ ДРУШТВО

IMG_4908 (1)

Освен нашето внимание и посветеност, на децата им требаат игра и искуства со деца од нивна возраст и деца со кои делат заеднички интереси. Истражувањата покажуваат дека позитивните животни искуства на децата што интензивно се дружат со други деца се основа за развој на одговорно однесување и креирање позитивни животни ставови, знаења, вештини и модели на однесување.

Играјќи со други деца, малечките учат да демонстрираат посветеност, емпатија и љубов, а другарувањето игра клучна улога во инспирацијата и поттикнувањето на децата на практично, неформално, самоиницијативно истражување и откривање на вредностите што во иднина ќе ги развиваат.

ОРГАНИЗИРАЈТЕ ИМ НЕСЕКОЈДНЕВНО ДОЖИВУВАЊЕ

IMG_4911

Дружбата со веселиот џиновски Зајко - маскотата на „ВЕЛИГДЕНСКИОТ СВЕТ“ во Скопје сити мол

со сигурност ќе ги развесели и ќе ги возбуди вашите малечки, кои ќе можат и да се фотографираат со негово убав, шарен и весел велигденски амбиент. Детските насмевкиќе се фотографираат секој ден од 10.00 до 22.00 часот на приземјето, веднаш до домашната фарма, а децата ќе си заминат дома со убави спомени, нови фотографии и најубави доживувања, другарувајќи и празнувајќи ги незаборавните мигови за еден од најголемите празници - Велигден.

IMG_4904

За повеќе информации за настаните, посетете го следниот линк: www.skopjecitymall.mk/veligden

Можеби ќе ве интересира

„Тиквеш“: Продолжува интензивната соработка со лозарите која гарантира висок квалитет и напредок на лозарството и винската индустрија

„Тиквеш“: Продолжува интензивната соработка со лозарите која гарантира висок квалитет и напредок на лозарството и винската индустрија

НЛБ Групацијата ги објави победниците на регионалниот проект „Рамка за помош“

НЛБ Групацијата ги објави победниците на регионалниот проект „Рамка за помош“

OneID – поинакво дигитално искуство што го менува секојдневјето и им штеди време на граѓаните

OneID – поинакво дигитално искуство што го менува секојдневјето и им штеди време на граѓаните

Во недела ќе се одржи 8. издание на „Халк Еко Скопје Трча 10КМ“

Во недела ќе се одржи 8. издание на „Халк Еко Скопје Трча 10КМ“

Петар Заборски од „Макпетрол“ ќе се бори за бронза на Европското карате-првенство

Петар Заборски од „Макпетрол“ ќе се бори за бронза на Европското карате-првенство

Секој има право на достоинствен живот. Ајде сите заедно да изградиме свет без бариери: „Best Online Assistant“, платформа за едукација, дел од проектот на НЛБ Групацијата „Рамка за помош“

Секој има право на достоинствен живот. Ајде сите заедно да изградиме свет без бариери: „Best Online Assistant“, платформа за едукација, дел од проектот на НЛБ Групацијата „Рамка за помош“

Fashion Group со исклучително успешна онлајн сезона: Клиентите се на прво место!

Fashion Group со исклучително успешна онлајн сезона: Клиентите се на прво место!

Ексклузивен настан со Др. Исак Адижес во Скопје

Ексклузивен настан со Др. Исак Адижес во Скопје

Samsung Electronics е прв на глобалниот пазар на OLED монитори

Samsung Electronics е прв на глобалниот пазар на OLED монитори