01 Ноември, 2024
0.0269

НЕКОЛКУ РАБОТИ ШТО МОРА ДА ГИ РАЗЈАСНАТ МЕНАЏЕРИТЕ НА „МАКПРОМЕТ“ – како платите од 27 илјади евра магично пораснаа на 517 илјади, И КОГА ЈА КАЖУВАЛЕ ВИСТИНАТА, А КОГА НЕ

Објавено во: Економија 22 Август, 2022

Добивај вести на Viber

Откако Фактор го објави текстот во кој пишувавме дека штипската компанија „Макпромет“, во својот Биланс на успех прикажува нереално висок раст кај трошоците за плати во првото полугодие од годинава во однос на истиот период лани, оваа фирма ги корегираше податоците, а тоа го објави и преку Македонската берза.

Но, корекцијата не е кај високиот трошок за платите на вработените за првото полугодие од годинава, кој патем, изнесува близу 572 илјади евра, туку направена е корекција во висината на трошокот за плати за првите шест месеци од минатата година, каде сега е прикажано дека тој наводно изнесувал 31,8 милиони денари, односно 517 илјади евра, наместо 27 илјади евра како што пишуваше во претходно објавениот биланс на успех.

Па така, според сега корегираната состојба, излегува дека во првото полугодие од годинава трошоците за вработените на компанијата се зголемила за 55 илјади евра, или, како што стои во корегираниот биланс на успех на компанијата, растот на трошокот за плати изнесува 11 проценти.

Тоа е многу поприфатлив изглед на еден биланс на успех отколку претходниот, за кој, мора да се спомене дека на Берзата стоеше неколку дена и компанијата не почувствува потреба да го корегира, се додека Фактор не го објави текстот за големата разлика во висината на трошоците за вработените што биле поделени лани и оваа година. 

„Направена е корекција на податоците за 30.06.2021 година, во делот Анализа на оперативна добивка/загуба по природата на трошоците, односно кај Трошоци за вработени , првобитно напишаниот износ од 1.651 милиони денари е корегиран со износ од 31.802 милиони денари“, се вели во новото известување што компанијата го испрати до Берзата.

Инаку, според претходниот извештај, излегуваше дека „Макпромет“ во првите шест месеци од годинава ги зголемила трошоците за своите вработени за 21 пат, односно индексот изнесуваше 2.129. Ова беше многу невообичаено, со оглед што во финансиските извештаи на другите компании, тие иако главно регистрираат покачување на овој трошокно тоа главно е од 10 до 20 проценти.

Анонимни извори кои за Фактор ја посочија оваа неверојатно голема разлика,се прашуваа дали станува збор за огромен број нови вработувања, огромно зголемување на платите на работниците, или, пак, дали можеби наводно - станува збор за бонуси кои сам себе си ги доделил директорот или менаџерскиот тим. 

А, дали е 517 илјади евра или 572 илјади, тоа секако е голем трошок, со оглед што оваа компанија, споредизвештај од 2020 година, имала 48 вработени.

Затоа, Фактор не застана тука, и продолжи да истражува, па го најдовме на Берзата Билансот на успех за првите шест месеци од ланската година кој тогаш бил објавен, каде што јасно стои дека од јануари до јуни лани трошоците за вработените биле 1,65 милиони денари или 27 илјади евра, или идентично како што стоеше во првично објавениот извештај од компанијата - во споредбената графа токму за периодот од јануари до јуни минатата година.

Се поставува прашањето како може во тој извештај што бил објавен лани да стоело дека трошоците за вработените се 27 илјади евра за првите шест месеци, а сега одеднаш таа бројка да се корегира на 517 илјади евра, во новиот извештај во кој овој податок се дава како споредбен.

Дали можеби корекцијата е направена со цел да не изгледа преголема разликата за која алармираше Фактор.

И како може за 48 вработени да е толку висок трошокот за плати?

Инаку, дека во најновиот извештај има нереално големи високи трошоци за вработените говорат уште два извештаи.

Во Билансот на успех на компанијата за цела 2021 година, може да се најде податок дека лани за цела година вкупно трошоците за вработените изнесувале нешто над 17 милиони денари, или вкупно за цела година 278 илјади евра.

А, уште поголема е нелогичноста ако се погледне Билансот на успех за првите три месеци од годинава. Тој говори дека во првите три месеци од годинава трошоците за плати на вработените изнесувале 65 илјади евра. Тоа значи дека за шест месеци, по логиката на нештата, тие би требало да се зголемат двојно или да бидат 130 илјади евра, или нешто малку повеќе, но како достигнале до 571 илјади евра, никому не му е јасно. 

Се очекува компанијата „Макпромет“ од Штип, како котирана компанија на Берзата, која треба да има транспарентно работење и тоа да е до денар јасно за инвеститорската јавност, да ги објасни сите овие нелогичности во нејзините финансиски извештаи.

Инаку, за компанијата „Макпромет“ АД Штип на Берзата можат да се најдат податоци дека својата дејност ја врши преку четири друштва со ограничена одговорност кои се занимаваат со производство на кондиторски производи, производство на леб и бели пецива, графичка индустрија и трговија. Во еден од извештаите на компанијата може да се прочита дека таа има 100 отсто учество во „Жито леб“ од Штип, како и во неколку други компании, и дека основната дејност и е производство и трговија со прехранбени произвбоди.

Н.Н.Ф.

Фото: Макпромет

Можеби ќе ве интересира

ВО ФОЛКСВАГЕН ПЛАТИТЕ ОДАТ ДО 10 ИЛЈАДИ ЕВРА: Ова е деталната листа на плати по професија во фабриката која се распаѓа

ВО ФОЛКСВАГЕН ПЛАТИТЕ ОДАТ ДО 10 ИЛЈАДИ ЕВРА: Ова е деталната листа на плати по професија во фабриката која се распаѓа

ЗАГРОЗЕНИ СЕ 140.000 РАБОТНИ МЕСТА: Длабока криза

ЗАГРОЗЕНИ СЕ 140.000 РАБОТНИ МЕСТА: Длабока криза

ДОБРА ВЕСТ ЗА ЦРНОГОРСКИТЕ РАБОТНИЦИ: Се зголеми просечната плата

ДОБРА ВЕСТ ЗА ЦРНОГОРСКИТЕ РАБОТНИЦИ: Се зголеми просечната плата

Директорот на „Пошта“ бара 5 милиони евра помош од Владата

Директорот на „Пошта“ бара 5 милиони евра помош од Владата

ФРИШОПОТ ХАЕИНЕМАН ВО ГЕВГЕЛИЈА СИТИ МОЛ: Бизнисменот Николовски открива детали во „Бизнис муабети“ на Фактор

ФРИШОПОТ ХАЕИНЕМАН ВО ГЕВГЕЛИЈА СИТИ МОЛ: Бизнисменот Николовски открива детали во „Бизнис муабети“ на Фактор

ПОТВРДЕН НОВ СЛУЧАЈ НА ПТИЧЈИ ГРИП ВО ЗЛОКУЌАНИ: АХВ издаде и решение за заштитни мерки за болеста син јазик

ПОТВРДЕН НОВ СЛУЧАЈ НА ПТИЧЈИ ГРИП ВО ЗЛОКУЌАНИ: АХВ издаде и решение за заштитни мерки за болеста син јазик

НЕМА МАГИЈА, ИМА САМО ЗДРАВО И СТЕГНАТО РАБОТЕЊЕ - како УСЈЕ достигна профит од 25 милиони евра за девет месеци

НЕМА МАГИЈА, ИМА САМО ЗДРАВО И СТЕГНАТО РАБОТЕЊЕ - како УСЈЕ достигна профит од 25 милиони евра за девет месеци

ЛОВЦИТЕ НА ЗЛАТО ТРИЈАТ РАЦЕ: Ново откритие во Србија

ЛОВЦИТЕ НА ЗЛАТО ТРИЈАТ РАЦЕ: Ново откритие во Србија

Мицкоски: Ги молев „Бехтел и Енка“ кога бев во Вашингтон

Мицкоски: Ги молев „Бехтел и Енка“ кога бев во Вашингтон