24 Април, 2024
0.0273

НЕМА ДА ИМА КВАЛИТЕТЕН КАДАР АКО СЕ ОЛЕСНУВААТ ИСПИТИТЕ ЗА МАТУРА: Професорите го кажаа нивното мислење

Објавено во: Македонија 29 Март, 2023

Добивај вести на Viber

Матурантите изминатиов период бараа олеснување при полагањето на државната матура и три од нивните четири барања се прифатени од страна на Министерството за образование. Но, професорите ценат дека ова е меч со две оштрици и дека во нивната понатамошна едукација ќе се соочат со низа потешкотии.

-Во полугодишните и во годишните извештаи е наведено дека материјалот е целосно реализиран. Ние, без разлика колку часови се изгубени заради голем број причини, успеавме да го реализираме целосно наставниот материјал. Свесни сме дека наеднаш се собира доста материјал, но и учениците треба да знаат дека мора многу посериозно да седнат и да научат. Во нивното понатамошно академско образование, токму заради кратење на прашања од одредени предмети, ќе се соочат со поголеми проблеми, нема да можат да надокнадат тоа што е пропуштено. Освен тоа, најмногу погодени беа средношколците во Скопје. Во главниот град се губеа шасови и заради дојавите на бомби и заради штрајковите на ЈСП. Во другите градови немаа такви проблеми. Но сега материјалот нормално се крати за сите. На факултет нема сигурно да бидат поштедени од професорите, никој нема да им каже, „вие сте од Скопје“, ќе имате полесни прашања бидејќи многу губевте, додека на вас, од останатите градови ќе ви дадеме потежок материјал“. А одлуката секако ќе важи подеднакво за сите матуранти. МОН нема да прави никакви двојби, за скопјаните олеснување, за останатите по старо, велат професорите со кои разговараше Фактор.

Според средношколците пак, одлуката е одлична вест. Ценат дека премногу е пропуштено за да се надомести во последниве два месеца, зошто како што велат оваа генерација матуранти, е најмногу афектирана од прекините на наставниот процес.

-Кога фати корона пандемијата бев втора година. Додека се свестивме како ќе се учи помина таа година. Училиштата ги затворија, онлајн наставата беше катастрофална, ништо не беше организирано како што треба. Испрашувањата беа пред компјутер од дома, исто како и тестовите. Дури и најодличните ученици препишуваа, читаа кога одговараа усмено, а истото се случуваше и на почетокот на трета година. Почнавме многу покасно, наставата продолжи онлај, кога почнавме да одиме во школо со физичко присуство, имавме толку изгубено, што тешко кој можеше да постигне вистински добри резултати. Тврдам дека нашата генерација е уништена, заради што оваа одлука за сите нас е добредојдена. Како ќе тераме понатаму, ќе видиме, вели Сара М.

Инаку, според договорот меѓу МОН и Сојузот на средношколците на матурантите ќе им се олесни полагањето на државната матура со тоа што ќе се обезбедат банки со прашања за интерните испити и овие испити ќе носат повеќе поени при уписот на факултет. Понатаму, ќе се намали бројот на прашања и бодови на првиот екстерен испит, а тој ќе се смета за соодветен на сите студиски програми, што значи додатни 2 поени при уписот.

Сегашниот сооднос екстерните испити да носат најмногу 24 поени, а интерните најмногу 12 поени ќе се смени во сооднос екстерните да носат најмногу 20 поени, односно интерните најмногу 16 поени. Министерството за образование и наука преку Владата ќе им издаде препорака на универзитетите да извршат ваква промена во конкурсите.

Првиот екстерен испит ќе се смета за соодветен на сите студиски програми што значи дека оценката од овој испит ќе се множи со повисок коефициент. Конректно, матурантите ќе добијат додатни 2 поени при упис поради оваа промена, а државата ќе покаже грижа за важноста на мајчиниот јазик и литература.

-Сојузот на средношколци успеа да издејствува наставниците да ги споделат банките со прашања за интерните испити најдоцна 4 недели пред испитот. Овие банки ќе содржат број на прашања 3 пати поголем од бројот на прашања на испитот. Ова е значајно олеснување за матурантите бидејќи тие ќе имаат доволно време соодветно да се подготват и за интерните испити.Генералното собрание по долга дискусија ја прифати алтернативната понуда на МОН наместо одложување на датумот на првиот екстерен испит, да се намали обемноста на испитот. Истиот ќе носи од 60 до 80 бодови, наместо досегашните од 80 до 100, што значи дека ќе има намалување на бројот на прашања, се наведува во нивното соопштение.

Анита Буховски

ФОТО: МИА

Можеби ќе ве интересира

ДИК: Најголема излезност е забележана во Новаци 42,87 отсто, а најмала е излезноста во Врапчиште 10,18 отсто

ДИК: Најголема излезност е забележана во Новаци 42,87 отсто, а најмала е излезноста во Врапчиште 10,18 отсто

БАЈРАМИ: Во Бучим гласач го покажал ливчето на набљудувач пред да го пушти во кутијата

БАЈРАМИ: Во Бучим гласач го покажал ливчето на набљудувач пред да го пушти во кутијата

БОЈМАЦАЛИЕВ: Не се забележани поголеми нарушувања или инциденти

БОЈМАЦАЛИЕВ: Не се забележани поголеми нарушувања или инциденти

МВР: Регистрирани се две фотографирања на гласачко ливче во Скопје и Штип

МВР: Регистрирани се две фотографирања на гласачко ливче во Скопје и Штип

ОДЗИВ ДО 11 ЧАСОТ: Гласале 12,78 отсто или 229.417 избирачи

ОДЗИВ ДО 11 ЧАСОТ: Гласале 12,78 отсто или 229.417 избирачи

ПРЕКИН ВО ОПАЕ: Се расипал биометрискиот уред

ПРЕКИН ВО ОПАЕ: Се расипал биометрискиот уред

ИЗЛЕЗНОСТ ПО ОПШТИНИ: Како тече гласањето ширум Македонија?

ИЗЛЕЗНОСТ ПО ОПШТИНИ: Како тече гласањето ширум Македонија?

МАКЕДОНИЈА ГЛАСА: Обвинителството го следи изборниот процес за евентуални кривични дела

МАКЕДОНИЈА ГЛАСА: Обвинителството го следи изборниот процес за евентуални кривични дела

ДЕНЕСКА Е НЕРАБОТЕН ДЕН: Македонците се упатија кон Грција

ДЕНЕСКА Е НЕРАБОТЕН ДЕН: Македонците се упатија кон Грција