„Крвавиот“ четврток ќе биде заменет со „родољубен“, нема да има протести на 27 април
Објавено во: Македонија 16 Април, 2018 11:00
Националните десничарски движења наместо на 27 април, годишнината од добропознатиот упад на толпа во Собранието на РМ по изгласувањето на Талат Џафери за претседател на законодавниот дом, ќе протестираат еден ден претходно.
Нема дециден одговор зошто датумот е поместен еден ден порано, откако неколку денови претходно било договорено тој да се одржи на 27-ми. Местото на собирот останува иста - Собранието на РМ, местото каде што тогаш движењето „За заедничка Македонија“ одржуваше секојдневни протести пред физичкиот напад над опозициските пратеници.
- И на 26-ти април денот од седмицата е четврток, но наместо минатогодишниот, кој беше наречен „крвав“, овој го викаме „родољубен“. Сами ја донесовме таа одлука, бидејќи имаме сознанија дека на 27 април ќе има раздвижувања на високи дипломати од странство низ главниот град. Според тоа, знаеме дека ќе има ограничувања кои ќе го кочат населението да допатува во голем број пред Собранието на РМ . Протест со добропознатите наши барања имаше на 27 февруари и 4 март, но овој очекуваме да биде најмасовен до сега - велат од координативната мрежа СУМ (Сите за унитарна Македонија).
Нивните барања, како што велат од таму, ќе бидат запирање на преговорите со Грција за промена на името, оградување од постигнатиот договор за добрососедство со Бугарија, законот за употреба на албанскиот јазик во РМ и барање на амнестија за притворените кои упаднаа и бараа упад во Собранието на РМ на 27 април минатата година.
А.К.
Можеби ќе ве интересира
„НЕ СУМ ВЕТИЛ ЧУДА“: Ѓорѓиевски побара трпение од граѓаните
„АКО 3 ПАТИ ГО СТОРИТЕ ИСТОТО, И 3 ПАТИ ВИ Е ОДЗЕМЕНА ВОЗАЧКАТА, ВИЕ НЕ СТЕ ЗА ШОФЕР, ТРЕБА ДА ВОЗИТЕ ТОЧАК“: Тошковски за повторување на сообраќајните прекршоци
ГРЦИЈА ПОД БЛОКАДА: Можна е повеќечасовна блокада на границите, се заоструваат протестите
ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС




