Нема да се гради соларен парк во Србија – американците бараат оштета од 160 милиони евра
Објавено во: Балкан 08 Август, 2013
Раскинат е договорот за изградба на соларен парк меѓу американската компанија “Sekjurum ekviti partners“ и српската влада , објави американската компанија.
Aмериканска компанија најави дека преку меѓународна арбитража ќе бараат отштета од 160 милиони евра.
Во соопштението истакнуваат дека Србија не ги исполнила своите обврски според договорот, а кој требаше да обезбеди локација од 3.000 хектари за изградба на соларни централи од 1.000 мегавати.