Нема да се менува унилатералната изјава која Владата ја достави до ЕУ
Објавено во: Македонија 21 Јули, 2022 17:16
Нема да се менува унилатералната изјава која Владата ја достави до ЕУ пред два дена во Брисел.
Ова е одлучено по консултациите во Министерството за надворешни работи(МНР). Претходно, голем дел од експертската јавност, МАНУ, видни лингвисти и македонсти реагираа дека истата не го штити историскиот континуитет на јазикот.
Македонија пред два дена го започна таканаречениот скрининг процес пред преговорите со ЕУ. За скринингот Унијата предвидува 14 до 16 месеци, информираше вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ. Скринингот е поделен на кластери, а тие би требало да бидат отворени по летните одмори. Во постапката Македонија ќе биде запознаена со деловите од своето законодавство кои ќе треба да ги усогласи со правото на ЕУ.
Маричиќ најави дека првиот скрининг Извештај за Кластерот „Фундаментални вредности“, го очекува во првиот квартал од 2023 година и информираше дека за овој Кластер треба да се подготват три патокази кои ќе треба да ја рефлектираат политичката заложба за спроведување на клучните стратешки реформи преку дефинирање на краткорочни и среднорочни цели.
Можеби ќе ве интересира
Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план
МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците
Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет
Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето
Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?
Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски




