НЕМА ДА ВЕРУВАТЕ: Овие професии може да исчезнат
Објавено во: Финансии 05 Февруари, 2017
Според сајтот „CareerCast", во иднина професијата поштар може да исчезне.
Се очекува дека до 2024 година бројот на поштари ќе се намали за 28%.
Ова може да се случи поради електронската комуникација и електронското плаќање на сметки кое зема замав.
Зад поштарите следат дактилографите чиј број до 2024 година ќе се намали за 18%.
За 15% ќе се намали бројот на мерачи на броила.
На четврто место во оваа група се ди-џеите и нивниот број ќе опадне за 11%.
За 9% ќе се намали бројот на кројачи, а работните места за новинарите ќе бидат намалени за 8%. Се очекува за 8% да има помалку работни места за компјутерски програмери.