19 Декември, 2025
0.0497

НЕМА ДА ЗАКАЖУВААТ ТЕРМИНИ ПРЕКУ СИСТЕМОТ, САМО ИТНИ СЛУЧАИ: Матичните лекари денеска протестираат

Објавено во: Македонија 18 Февруари, 2022 09:15

Добивај вести на Viber

Лошите услови за работа, но пред се капитацијата од 65 денари по пациент, утврдена уште пред четири години се главните причини поради кои матичните лекари денеска че протестираат. Најавија дека нема да закажуваат термини, односно за неитнитне пациенти нема да го го користат електронскиот систем МојТермин, нема да издаваат рецепти, единствено ќе бидат посветени само на итните случаи.

Во разговор за Фактор матичните лекари од неколку ординации посочуваат дека крајно време е да го изразат револтот зошто во последните неколку години се ставени на маргините на здравствениот систем од страна на здравствените власти. А во време на пандемијата, како што велат, овие изминати две години се претворени во „писари“.

-Се оди преку нашиот грб. Велат, „закажувајте термини“, термини нема. Не можеш да закажеш ни ПЦР-тестирање, ни специјалистички преглед, нервози кај пациентите. Му треба магнетна резонанца сега, а термин по два-три месеца...и ред други слични проблеми. На почетокот на пандемијата сите беа обезбедени со заштитни опреми и средства за дезинфекција, ние самите од свој џеб тоа го правевме, со капитацијата што ја добиваме што попрво. Медицинските сестри не може да се платат, па си заминувале од Македонија, секако дека ќе си заминат. За 300 евра нема да работат. Голем дел од нас ќе бидат приморани да ги затворат амбуланите. Ова е генерално сликата за Скопје, а што да се каже за помалите места. Таму е катастрофа, велат матичните лекари со кои разговараше Фактор.

Проблемите со кои се соочуваат матичните лекари, уште вчера беа нагласени во повикот за протест:

-Долго време никој не реагира на нашите апели дека примарното здравство не може да ги издржи овие финансиски шокови. Покачување на минимална плата, покачување на сметки за струја на концесионери, казни по матични доктори, поскапување на горивата и храната“, се вели во повикот на матичните лекари за протест. 

Истовремено и претседателката на Здружението на приватните лекари, д-р Лидија Чолакова Дервишова посочува дека се е поскапено, трошоците се зголемени, а капитацијата е иста цели четири години.

-Има колеги во малите места каде бројот на пациенти се намалува и тие се судруваат со можноста од затворање на амбулантите. Здружението е на сите приватни лекари и затоа го правиме овој протест“, изјави д-р Чолакова-Дервишова.

Инаку, за денеска попладне е закажана средба од заменикот-министер за здравство на која ќе се разговара за проблемите со кои години наназад се соочуваат чекарите во примарното здравство.

Анита Буховски


Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината